Трикови за убавина со лажица

Лажиците не се само за јадење супа, а доказ за тоа се следните николку трикови за убавина во кои со користење на лажицата може да ви помогне да изгледате поубаво.



Ладна лажица за уморни очи

Кога очите ви се уморни најдобриот и најбрзиот начин да ги вратите во форма е со користење на две ладни лажици. Ставете ги металните лажици во замрзнувачот околу 10-тина минути, па потоа откако ќе ги извадите со благо стискање движете ги под окото, од внатрешноста кон надворешноста.

При нанесување на маскара на долните трепки

Честопати кога нанесуваме маскара на долните трепки од окото се случува да се измачкате. Затоа пред да започнете со нанесување, поставете лажица под окото и на тој начин ќе спречите маскарата да ја допре кожата.

За скршена сенка или руменило

На сите ни се случува да ја распарчиме сенката за очи или пак да го оставиме руменилото на парчиња. Повеќето жени веднаш потоа ја фрлаат шминката зошто мислат дека е неупотреблива. Сепак, постои начин повторно да ја вратите во една целина. Соберете ги парчињата, додадете малку алкохол и потоа со помош на лажицата убаво потиснете додека убаво не ги споите.

За исцртување на окото со туш

Поставете ја лажицата на надворешниот агол од окото и со помош на тушот исцртајте линија како што е прикажано на сликата. Потоа исцртајте уште една линија и пополнете го добиениот простор со туш.

За шарени нокти

Во метална лажица ставете две или три капки од различни лакови. Со чепкалка или метална шнола измешајте ги лаковите и потоа нанесете ја новата боја на ноктите. Освен што ќе имате шарени и невообичаени нокти, лажицата веднаш ќе ја исчистите со малку ацетон.

Смирување на мозолчиња

Постои стар трик за смирување на мозолчиња во кој се користи лажица. Пуштете жешка вода и ставете ја лажицата под млазот вода или пак наполнете чаша со топла вода и оставете ја лажицата внатре. Откако ќе се загрее поставете ја на мозолчето и држете ја додека не се излади.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби