Стилот на Мидлтон: 22 креации вредни над 60 илјади долари

Кејт Мидлтон е војвотка со беспрекорен стил, а она што ја прави уште поинтересна за модните критичари е нејзиниот талент да спојува скапи и евтини парчиња облека, создавајќи комбинации кои навистина изгледаат одлично.

Нејзините добро познати кремасти потпетици можеби се трн во окото на многумина, но Кејт и понатаму продолжува да го носи својот омилен пар, како што впрочем би направила и секоја обична жена која е вљубена во своите чевли.

На кралската турнеја низ Австралија и Нов Зеланд, сопругата на принцот Вилијам, се појави во повеќе од 20 различни облеки надополнети со соодветни аксесоари, кои севкупно чинат над 60 илјади долари. По барање на кралицата, Мидлтон овој пат избра поскапи парчиња облека и работеше со нејзините стилисти со цел да го постигне саканиот ефект.

Како и досега, Кејт остана верна на својата омилена дизајнерка Џени Пекам, а воедно и на креациите од модната куќа на Александар МекКвин.

Пријатно изненадување беше жолтиот фустан од српската дизајнерка Роксанда Илинчиќ, која по втор пат е избор на Мидлтон. Најскапото парче облека е белиот Lela Rosa фустан со тантела кој чини 6722 долари, додека од модните додатоци, Cartier Ballon Bleu рачниот часовник кој вреди 9229 долари.

Мидлтон на ова патување носеше и дел од накитот на кралицата, кој што и беше специјално даден за оваа прилика.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Зошто Трпе има дупче на фрижидерот?
- За да провери дали му се гаси сијаличката кога ќе ја затвори вратата.

* * *
Некој Влав го прашува синот на полу-матура:
- Сине, кажи...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1304.- Во Арецо е роден Францеско Петрарка, голем...
1785.- Роден е турскиот султан Махмуд Втори, кој...
1819.- Република Колумбија доби независност....
1847.- Роден е германскиот сликар и графичар...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби