Исповед на ескорт дама која спиела со над 10.000 мажи

Гвинет Монтенегро работела како ескорт дама, но бројот на мажите со кои имала секс е шокирачки – вкупно 10.091 маж!

Иако тврди дека пораснала во христијанско семејство, решила да почне со работа која ниедна религија не би ја одобрила. На 18 години била жртва на групно силување, при што самодовербата значително и се намалила. Од тогаш сметала дека телото е единственото нешто вредно што го поседува. Физичкото и психичкото измачување ја натерале на 19 години да стане стриптизета, а на 21 година елитна проститутка.



Кога била млада, сакала невиноста да ја чува за оној вистинскиот, но сфатила дека по силувањето тоа веќе не било можно. Откако почнала да живее многу поразличен живот ги лажела своите родители дека работи како манекенка, се до моментот кога доживеала сообраќајка на 24 години. Тогаш искрено им ја кажала целата вистина во болница.

Една нормална недела за неа била исполнета со секс, алкохол, дроги, но и оргии. Воглавно работела во Мелбурн, но често пати патувала со авион во зависност од клиентите, кои често биле адвокати, бизнисмени и музичари.

- Најдоброто искуство го доживеав во Бора Бора, кога еден клиент ме изнајми да му правам друштво. Тој со мене се однесуваше како кон нормален човек, а јас го искористив тоа патување за да се одморам од другите, изјави Гвинет.



Сега, откако и е среден животот, Гвинет напиша книга „10.000 men and counting“ во која ги открива најголемите тајни од нејзиното минато. Нејзината приказна е искрена и емоционална, во која се гледа одлучноста да престане да се занимава со овие работи и конечно да си го среди животот.

- Мојот живот беше полн со секс, кокаин и алкохол. Оние кои сакаат да се занимаваат со оваа работа ги предупредувам дека е лесно да се соживеете. Мене ми ја подигна самодовербата, но постои и друга страна. Ако успеам да убедам барем една девојка да се откаже од овој бизнис – тогаш ќе бидам најсреќна, изјави Гвинет.

На 29 години конечно решила да се откаже од овој живот и станала пилот на мал авион. Сепак, по некое време и откажал бубрегот, а таа била преморана да се откаже од летањето. Сега има своја сопствена компанија за логистичко програмирање и заедно со нејзиниот партнер чесно заработува за својот живот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби