Силувана 460 дена: Им простив и одам понатаму

Групното силување не е нешто што се заборава, но канадската новинарка Аманда Линдхоут успеа да ја надмине својата трагедија, па дури и да им прости на своите напаѓачи кои ја држеа 15 месеци заробена во Сомалија.

-Беше тешко да се преживее секој ден, посебно поради тоа што не знаев дали некогаш ќе заврши. Ме злоупотребуваа постојано, открива таа, но и покрај тоа објаснува дека има разбирање за оние кои ја силувале бидејќи и самите не се свесни што прават.

Во најтешките мигови си создавала концепт на „куќа на небото“ како што впрочем се нарекува и нејзината книга, каде бегала со мислите и се враќала на сите убави нешта поради кои вреди да се живее.

-Абдулах ме силуваше, ме болеше и се обидував да се одбранам кога доживеав вонтелесно искуство. Се видов самата себе си од горе. Сосема сум сигурна дека моите напаѓачи се производ на војната и таа ги обликувала. Тоа верување ми помогна. Тие се човечки суштества со свои потресни приказни. Тоа не значи дека се невини, но факт е дека се продукт на култура која продуцира насилство, објаснува Линдхоут.

Откако била ослободена основала фондација која ги финансира високо образованите жени во Сомалија, по што на FB добила порака од еден од силувачите кој и ја пофалил работата.

-Најдоброто чувство на задоволена правда е фактот што се свесни со што моментално се занимавам и можат да видат дека не успеале да ме скршат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби