Незадоволната домаќинка која се претвори во секс симбол

Вишокот килограми треба да бидат мотивација за вежбање, наместо уште поголема препрека до совршениот изглед. Фитнес моделот Џенифер Никол Ли (39) денес ги излудува мажите со своето супер секси тело и е една од најплатените жени во светот на фитнесот.

Доколку ги погледнете нејзините фотографии пред да започне да за занимава со вежбањето ќе забележите една американска домаќинка од 90 килограми која како и многу други жени се обидува да се справи со својата прекумерна тежина. Нејзината упорност и истрајност освен што и помогнаа да го добие телото од соништата и ја вратија и загубената самодоверба.

-Решив да ги тргнам на страна сите изговори и да бидам искрена кон себе си. Заборавив на нештата како „немам време“ или „скапо е да се хранам здраво“. Ми беше потребно време да сфатам дека резултатите не доаѓаат преку ноќ бидејќи јас сакав да добијам сè во еден момент, изјавува Никол. Таа е мајка на две деца, па кога решила да се посвети на себе си, вели дека го направила тоа и поради нивно добро.

-Жените меѓу кои најмногу мајките, треба да бидат свесни за својата здравствена состојба како и за својата ментална, емотивна и физичка сила. Да бидете во добра форма не значи да бидете слаби. Ако имате сила, значи дека сте здрави и во форма, објаснува таа.

Никол Ли е автор на многу фитнес книги во кои ги советува како жените, така и мажите да започнат со големата промена и повеќе да се грижат за своето здравје.

Еве што препорачува таа:

  • заборавете на рафинираниот шеќер и наместо тоа консумирајте свежи овошја и сокови кои се одлична замена
  • никогаш не се откажувајте. Кога ви е тешко и мислите дека нема да можете да продолжите со режимот фокусирајте се на главната цел која сакате да ја постигнете
  • не верувајте на диети без јаглехидрати, туку применувајте умерена и здрава исхрана која е богата со зеленчук
  • во текот на денот пијте доволно вода, како и зелен чај
  • вежбајте најмногу 4 пати во текот на неделата во времетраење од 1 час.

Покрај овие совети, Никол ги советува своите клиенти, но и сите оние кои сакаат да бидат во форма, пред cè да бидат позитивни.

-Сам го креираш својот живот и својата судбина, па така започна и мојот успех со губењето на тежината. Тоа беше трансформација. Си реков „Знаеш што? Ќе се сакам себе си. Тукушто се породив, горда сум на моите достигнувања, не сум таму каде што сакам да бидам во однос на тежината, но еден ден ќе бидам“. Не планирав да се скршам себе си и да чувствувам вина, туку станав проактивна и уживав во процесот. Едноставно имав позитивно мислење за сè она што се случуваше.

Фотографиите од пред и потоа јасно покажуваат дека кога се сака се може, а Никол Ли е само уште еден совршен пример за тоа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби