Зошто се разведов од својата сопруга?

Понекогаш личноста која што мислиме дека ќе остане покрај нас до крајот на животот, станува личноста која што сакаме да заминеме што подалеку. Дури и оние бракови кои на почетокот изгледаат мошне идеално, на крајот завршуваат со развод поради различни причини.

Понекогаш поради неверство, друг пат поради разлики во карактерите и чести расправии, а во некои случаи поради сосема трети причини. Неколку мажи кои го завршиле својот брак со развод, на Reddit открија како изгледа моментот кога еден маж сфаќа дека неговиот брачен живот е готов.

Преку глава ми беше од нејзините испади

-Имав сообраќајна несреќа, ја загубив работата и паднав во депресија поради смртта на член од семејството, а мојата сопруга многу сакаше златен часовник од 1000 долари. И реков дека во моментот не можам да трошам пари. Отиде во тоалетот и плачеше. Тоа беше прв пат да не реагирам на нејзините солзи. По неколку минути дојде и ме праша дали сакам развод. До тогаш тоа не ми паѓаше на ум, но во тој момент сфатив дека во суштина сакам развод.

Довербата едноставно исчезна

-Сфатив дека е готово кога се фатив себе си како ги фотографирам сообраќајните знаци на патот кон дома кој трае 25 минути. И сето тоа за да и докажам дека не ја мамам. После некое време ја напуштив.

Од љубов до пријателство

-Во текот на последната заедничка година повеќе се чувствувавме како цимери отколку како љубовен пар. Повеќе не сакаше да поминува време со мене, престанавме да се тушираме заедно и започнавме да си легнуваме во различно време. Беше несреќна цело време. Сакав да го спасам нашиот брак, но знаев дека тоа е невозможно кога ми кажа дека повеќе не ме сака.

Непростливо неверство

-Седум месеци бев на деловно патување, а кога се вратив сопругата беше бремена 5 месеци. Не сум математичар, ама во овој случај не беше тешко да се пресмета што се случило.

Не ми треба жена која ме исмева

-И велев дека се чувствувам депресивно. И ја опишав својата состојба како егзистенцијална криза, а таа ми се смееше. Буквално ми се смееше во лице. Тогаш сфатив дека не сум и важен.

Никогаш не добив поддршка од неа

-Пред 5 години и реков дека сакам да заминам од војската и да станам доктор. Таа е научник, но се однесуваше како тоа што и го кажав да е најсмешната работа која што ја чула. Замислете дека се стремите кон нешто година дена, а личноста која ви е најблиска ви се смее во лице поради тоа. Пред четири недели основав медицинско училиште.

Сеедно ми е со кој е

-Пред неколку месеци станав рамнодушен на нејзините неверства. Бесот исчезна и тогаш сфатив дека конечно е готово. Фала му на Бога сега можам да го планирам разводот.

Децата се најважни

-Одлично се согласував со својата втора жена, но со текот на годините нејзиниот однос со мојата ќерка од претходниот брак стануваше се полош. Се обидов да не ја обвинувам, мислев дека се уште не е подготвена да биде мајка на туѓо дете. Сакав да одиме на советување, но таа велеше дека тоа е за „лудаци“. Потоа јас и мојата ќерка заминавме. Се надевав дека ќе се предомисли и ќе се обиде да ги среди односите со нас, но тоа не се случи. Морав да го направам она што беше правилно за моето дете.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби