Fashion Week: 10 нешта кои ѕвездите нема да ги признаат

Fashion Week настанот еден од најпрестижните во светот на модата. Милано, Њујорк, Париз, без разлика каде се одржува е празник на модата. Во таа недела најдобрите модни креатори ги претставуваат своите најнови креации пред публиката, клиентите, модните списанија, славните личности, модните уредници и генерално познавачите на модата.

Но, кои се 10-те нешта кои никогаш нема да ги признаат јавно дизајнерите, славните личности и манекенките на Fashion Week?

1. Дизајнерите им плаќаат на славните личности да присуствуваат на ревиите

Славните личности со себе носат публицитет, а публицитетот значи поголема медиумска покриеност, не само на селебрити ѕвездите туку и на самите ревии. Плаќањето на славните  да присуствуваат на ревиите е win win ситуација за сите. И за нив и за дизајнерите.

2. Манекенките работат „речиси за џабе“

Освен елитните манекенки, 90% од манекенките на Fashion Week се најчесто почетници во бизнисот, па затоа тие наместо за пари, работат за да добијат повеќе искуство и „букинзи“, но и за бесплатната облека која најчесто ја добиваат по ревиите.

3. Модните уредници ја позајмуваат облеката од модните креатори која ја носат на нивните ревии

Со исклучок на Ана Винтур останатите модни уредници не заработуваат милиони и ја позајмуваат облеката која треба да ја носат на Fashion Week од самите креатори. Во дел од случаите модните креатори дури им ја подаруваат.

4. Присуствувањето на модните ревии на Fashion Week е повеќе за „да се биде виден“ отколку за да се видат креациите.

Фотографија од Оскаровката Џенифер Лоренс во првиот ред на ревијата од Prada или Dior вреди многу повеќе за нејзиниот имиџ, отколку ако таа е фотографирана пред Starbucks.

5. Каде седиш на модните ревии е клучот

Престижот и статусот може да се рангира според тоа во кој ред се сместени посетителите на модните ревии. Првиот ред е секогаш резервиран за Vogue и претставниците на магазинот предводени од Ана Винтур. Во првиот ред се и славните личности, милионерите (богатите личности од сите области кои се потенцијални клиенти), манекенките од „златната ера“ како Хајди Клум, Синди Крафорд, Кристи Тарлингтон, но и за останатите модни дизајнери (конкуренцијата).

6. Нема ништо добро и квалитетно во gift bags- торбите со подароци на Fashion Week

За разлика од Оскарите кои имаат gift bags со луксузни патувања на Малдиви, Rolex часовници и дијаманти од Bulgari, подароците на Fashion Week се оскудни и „сиромашни“.

7. Сите во публиката се изморени бидејќи веќе присуствувале на 10 ревии претходно

8. Облеката која се претставува на пистата најчесто нема да ја најдете во бутиците или on line продавниците.

Тоа е најчесто затоа што колециите се Haute Couture, и се креирани во само еден примерок (најчесто за специфичен клиент) или пак ревиите се за модните уредници и нивните списанија. Исто така колециите од пистата подоцна се модифицираат во бојата, дезените, модните додатоци, за да бидат поприемливи за купувачите ако се однесат во бутиците.

9. Нема јадење на модните ревии, но има екстремно многу алкохол

10. Модните ревии секогаш доцнат

Најчесто тоа се „академските“ 15 минути, но се случува тоа да бидат и 30 минути. Во најголем дел од случаите тоа е затоа што се чека присуството на некоја голема ѕвезда, клиент, уредник од модно списание.... а во голем дел и затоа што манекенките не се подготвени да излезат на пистата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби