Ели Сааб повторно си поигра со боите и формите создавајќи колекција која го спои гламурот со спортското влијание.
Креациите од сезоната пролет/лето 2015 се изработени од материјали како тантела и свила, а омбре ефектот само ја засилува префинетоста која е карактеристична за овој дизајнер.
Во колекцијата доминираат сините нијанси, а се може да се видат и интересни споеви на портокалово и жолто.