ЛОШАТА СТРАНА НА ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ

Овенот експлозивен, скорпијата посесивна, стрелецот бесчувствителен

Често се зборува за добрата страна на хороскопските знаци, а лошите страни остануваат заобиколени. Но, факт е дека сите имаме одредени карактерни недостатоци. Секој хороскопски знак поинаку функционира во врска, па доколку сакате да знаете што ве очекува, астрологијата ви овозможува однапред да добиете слика.

Кои се лошите страни на секој знак од зодијакот во интерперсоналните односи?

Овен

  • Овенот има најексплозивен темперамент од сите хороскопски знаци и тешко го контролира својот бес.
  • Често се однесува незрело.
  • Лесно се возбудува кога започнува нешто ново, но и брзо го губи интересот.
  • Напорно е нетрпелив – секогаш сака сè во истиот момент.
  • Егоистичен е и не умее да се постави во туѓа кожа.

Бик

  • Во расправиите не очекувајте победа, бидејќи бикот е мошне тврдоглав. Не попушта дури ни во случај кога знае дека не е во право.
  • Многу е мрзелив кога се во прашање домашните обврски.
  • Неговите желби и потреби се секогаш на прво место.
  • Умее да биде и многу здодевен.
  • Тешко се отвора и ретко збоорува за она што го чувствува.

Близнаци

  • Не можете да се потпрете на близнакот – многу е нестабилен и несигурен.
  • Секој ден мора да анализирате како е расположен за да знаете како да се поставите.
  • Шармира со убави зборови, но ретко го исполнува ветеното.
  • Брзо му се здосадува од сè, па со него често ќе се чувствувате како вишок.
  • Никогаш не ги завршува работите до крај.

Рак

  • Неговите промени во расположението се неподносливи.
  • Умее да каже остри и тешки зборови со цел да ја избегне вината.
  • Може да стане зависен од вас, па со него може да се чувствувате како во затвор.
  • Брзо сака сериозна врска, брак и семејство, а ни самиот не е сигурен дали е подготвен за тоа.
  • Животот покрај него може да ви биде монотон и предвидлив – ретко кога е подготвен да прифати нешто ново.

Лав

  • Ретко ќе се чувствувате сигурно со него, бидејќи сака да флертува кај ќе стигне.
  • Секогаш ќе имате чувство како да не ве сака колку вие него и како постојано да сте во натпревар.
  • Ретко ќе признае дека не е во право, а доколку признае, ни самиот нема да верува во тоа.
  • Умее да биде арогантен и нетактичен.
  • Бидејќи мора да биде во центарот на вниманието, ќе се чувствувате како да сте во негова сенка.

Девица

  • Претерува со анализирање и осудување на туѓото однесување.
  • Секогаш очекува од другиот да биде иницијатор.
  • Сака да се однесува како мало дете, дури и после караница.
  • Девицата често е несигурна и од вас очекува да и’ дадете сигурност, дури и ако коренот на нејзината несигурност не лежи во вас.
  • Доколку не живеете по нејзините правила, ќе ви пререкува секој ден.

Вага

  • Вагата добро знае што сака да слушнете, па често се случува да не ви ја зборува вистината.
  • Сака игри, да казнува и да наградува, но и да манипулира со партнерот.
  • Лесно може да се сврти против вас доколку ја повредите.
  • Често е површна и опседната со изгледот, па од вас очекува да изгледате совршено.
  • Не е упорна и истрајна. Често се жали и тешко е да ја слушате.

Скорпија

  • Неописливо е љубоморна, па кога и да зборувате со припадник од спротивниот пол, ќе ве гледа попреку.
  • Со неа често нема да знаете како се чувствувате, бидејќи умее да манипулира со туѓите емоции.
  • Умее да ве игнорира во потполност и одеднаш да ве остави и да си замине од вашиот живот.
  • Има многу тајни кои не ги открива.
  • Дури и малите расправии со неа често знаат да прераснат во големи проблеми.

Стрелец

  • Сака да зборува, но не може да слуша.
  • Очекува да биде анимиран од другите, па доколку не биде, се жали.
  • Мисли дека секогаш знае најдобро и не сака да прифаќа нови информации.
  • Умее да биде директен и бесчувствителен.
  • Сака да биде доминантен во врската.

Јарец

  • Работата секогаш ја става пред партнерот.
  • Сака сè да биде под негова контрола.
  • Често не може да се опушти и да биде спонтан, заради што вашиот однос може да стане здодевен.
  • Анализира и ја помни секоја ваша грешка и ништо нема да ви заборави.
  • На неговиот став не можете да влијаете – ви преостанува само да се прилагодите.

Водолија

  • Живее во фантазиите, па често делува дистанцирано и далечно.
  • Сака да држи предавања, бидејќи таа секогаш знае најдобро.
  • Ќе запознаете многу нејзини пријатели кои често ќе бидат присутни, па ќе се чувствувате како да не сте и’ доволни.
  • Иако тврди дека е либерална, водолијата со своите крути принципи ги осудува сите оние кои не се како неа.
  • Секогаш знаете што мисли, но ретко што чувствува.

Риби

  • Често морате да им повторувате иста работа по неколку пати.
  • Тешко е да ги поттикнете нешто да започнат и да го завршат во одреден рок.
  • Често ќе делувате како да не се вклопувате во нивниот живот, бидејќи постојано прават нови планови за иднината.
  • Се жртвуваат себе си заради другите, па постојано имате чувство како вие да мора да се грижите за нив.
  • Ги идеализираат своите односи со луѓето и од вас имаат високи очекувања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби