Golden Globes 2015: Моден погодок или промашување?

Гламурот се врати на црвениот тепих, а доказ за тоа се модните креации кои имавме можност да ги видиме на годинешните Златни глобуси.

Доминацијата на светлите нијанси и металик тоновите си го направи своето, па повеќето од А-листата на актерки избраа фустани токму во овие бои.

Бело наспроти црвено совршено функционираше за Кејт Хадсон чиј Versace фустан како да беше залепен за телото, одлично истакнувајќи ја нејзината фигура.

Британската актерка, Роземунд Пајк, направи вистински пресврт, откако само еден месец по породувањето реши да облече креација од Vera Vong која ја открива нејзината половина како и голем дел од деколтето.

Џеј Ло, пак во својот дива стил, направи драматично појавување во парче од колекцијата на Zuhair Murad.

Дами во црвено

Иако велат дека црвената боја можеби не е најдобриот избор за гламурозниот црвен тепих, тоа не ги спречи дамите како Кетрин Зита Џонс, Хајди Клум и Хелен Мирен да заблескаат во црвени фустани од колекциите на Versace и Dolce & Gabbana.

И по некоја модна грешка

Во потрагата по вистинскиот фустан за манифестација од овој калибар, на ѕвездите мошне често им се случува да потпаднат под влијанието на своите стилисти и модните дизајнери, па наместо да го изберат најдоброто, да завршат во креација што не им одговара. Оваа година тоа беше случај со Лана Дел Реј, Амал Клуни како и Кира Најтли.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби