Црвено Versace, висока Louboutin потпетица и забавата може да почне.
Кејт Хадсон можеби е ќерка на Голди Хоун, но тоа не е причината поради која секогаш е во центар на вниманието на модните ревии и холивудските случувања.
По Златните глобуси каде ги засени своите колешки во гламурозната креација од Versace, Кејт уште еднаш плени со изборот на облека и нејзината совршено обликувана фигура.
Верна на Донатела Версаче, Хадсон повторно избра модел од нејзината колекција кој едноставно не трпи долна облека.
Знаејќи дека папараците во секој момент можат да направат непристојна фотка, мудро си ги покри нозете со капут во црвена боја за да не им го даде тоа задоволство.
Кејт и Голди беа дел од ревијата на Versace која се одржа во Париз.