Откријте ја својата животна цел низ 15 прашања

Во речиси секоја животна приказна доаѓа до момент кога човекот се прашува зошто е тука и која е неговата животна цел. Малкумина се оние кои со сигурност чекорат низ животот и точно знаат што сакаат од него и знаат како да го добијат тоа.

Никој со сигурност не може да ви каже  што треба да правите со својот живот, но постојат неколку едноставни прашања чии одговори ќе ви помогнат да ги разрешите дилемите кои ги имате самите со себе.

1.Што е она што ви дава сила? – активностите кои што сте предодредени да ги правите ве исполнуваат, додека нештата кои ви предизвикуваат негодување најчесто ви ја цицаат енергијата. Фокусирајте се на она што ве прави позитивни.

2.Што ве возбудува? – или подобро кажано што е она што ја буди вашата страст? Тоа се нештата во кои потполно уживате и за кои во секоја ситуација можете да издвоите време.

3.Какви идеи ви доаѓаат додека се туширате? – иако звучи помалку смешно инспирацијата доаѓа токму тогаш кога најмалку ја очекувате и кога сте потполно релаксирани.

4.Што најчесто ме прашуваат луѓето? – каков совет ви бараат луѓето? На овој начин откривате каква вредност имате за светот.

5.За што најчесто разговарам со луѓето? – која е темата на која најчесто дискутирате со најблиските луѓе. Се разбира тука не се вбројуваат оговарањата и љубовните проблеми.

6.Што правите со своето слободно време? – она што го правите ги изразува вашите приоритети

7.За што читате? –тоа се темите кои ви предизвикуваат најголем интерес

8.Кои соништа постојано ги сонувате? – темите на вашите соништа откриваат што се крие во вашата потсвест. Ако постојано го сонувате истиот сон можеби сега е вистинското време да размислите што значи.

9.Поради кои искуства во животот сте се почувствувале исполнети?

10.Што сакавте да бидете кога бевте мали?

11.Што би правеле доколку не мора да заработувате за живот? – потребата за пари често не принудува да се загубиме во рутинска работа и да заборавиме да уживаме во животот.

12.Што би правеле доколку воопшто не е ви грижа што ќе речат другите луѓе за тоа? – многу од нештата кои би нè направиле среќни не ги правиме затоа што се плашиме од тоа како ќе не сфати околината.

13.Што сè има на вашата листа на желби?

14. Кои области би ги споиле за да создадате свој уникатен стил?

15 . Како изгледа вашата идеална верзија? –напишете неколку реченици за тоа како изгледа вашето најдобро издание односно какви би сакале да бидете.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби