Проверете што сте во индијански хороскоп!

Во хороскопот на американските домородци, знаците се поврзани со животните, чии карактеристики и начин на живот се рефлектираат во карактерните црти на луѓето кои се родени во соодветниот период.

Дознјате кој знак сте вие во индијанскиот хороскоп!

Сокол (21 март – 19 април)

Карактеристика: динамичност



Со оглед на тоа што соколот е симбол на слобода и независност, него е тешко да го скротите. Луѓето родени во овој знак секогаш се подготвени за акција и постојано мечтаат за авантури. Често се иницијатори и сакаат да ги водат другите, но од време на време знаат да бидат и премногу импулсивни. Тежнеат во групата да го задржат својот изразен идентитет.

Дабар (20 април – 20 мај)

Карактеристика: доследност

Заради својата потреба за сигурност, дабарот ги симболизира зависноста и комфорот. Сака да поседува вредни работи, тоа го смирува. Исто така, дабарите се одликуваат со упорност, стабилност и издржливост. Познати се и по неограничената трпеливост.

Елен (21 мај – 20 јуни)

Карактеристика: сила

Елените се немирни и неуморни креативци, заради што луѓето родени во овој знак оддаваат впечаток на висока интелигенција и секогаш се надеваат дека можат да ги променат работите со сопствените дела. Имаат силна волја и прилично се великодушни. Нивната интуиција е силно развиена.

Клукајдрвец (21 јуни – 21 јули)

Карактеристика: чувствителност



Луѓето родени во знакот на клукајдрвецот постојано бараат сигурност и заштита и често се загрижени заради нивната изразена чувствителност. Тие го сакаат својот дом и се многу чувствителни. Имаат силна фантазија и патат од нагли промени на расположението. Животната цел им е да живеат во хармонија со околината.

Лосос (22 јули – 21 август)

Карактеристика: самодоверба



Внатрешната сила и страст на лососот им дава на луѓето родени во овој знак моќ со достоинство да ги пребродуваат сите потешкотии на кои наидуваат. Горделиви се, спонтани и одлучни. Се одликуваат со голема храброст, амбициозност и желба за успех, што ги прави одлични лидери. Во животот бараат цел и сакаат да доминираат бидејќи се најдобри во тоа.

Мечка (22 август – 21 септември)

Карактеристика: практичност



Кафеавата мечка е срамежливо и нежно животно. Луѓето родени во овој знак најдобро се чувствуваат во организирана животна средина, која е предвидлива и која можат да ја држат под контрола. Тие се дискретни, имаат смисла за детали и се перфекционисти. Толеранцијата и оптимизмот не им се силни страни, па на тоа поле мораат посебно да поработат.

Гавран (22 септември – 11 октомври)

Карактеристика: дипломатија

Луѓето родени во знакот на гавранот поседуваат голема сила, која им овозможува да се справат со сè што им носи животот. Прилично се социјализирани, шармантни се и пријателски настроени, заради што ретко се сами. Гавраните се интелигентни и мистични. Тие се идеалисти на хармонија во заедницата, а слаба точка им е тоа што знаат да бидат несигурни и недоследни.

Змија (23 октомври – 22 ноември)

Карактеристика: преживување



Во многу култури на змијата се гледа со почит бидејќи се смета за заштитничка на животните мистерии. Луѓето родени во овој знак имаат добра способност за расудување и интуиција, што ги прави експерти за човечката душа. Змиите се реалистични и склони кон самоконтрола.

Був (23 ноември – 21 декември)

Карактеристика: мудрост



Во старите култури бувот е симбол на мудрост и знаење. Личностите родени во овој знак се спонтани ентузијасти и идеалисти. Тие секогаш се чекор напред, гледаат во далечина, имаат широк и длабок поглед на работите. Љубопитни се, дарежливи и доверливи.

Гуска (22 декември – 19 јануари)

Карактеристика: упорност



Луѓето родени во знакот на гуската имаат изразено чувство за натпреварување и упорност. Обично имаат големи планови и полека, но сигурно стигнуваат далеку. Нивното мото е „тивка вода брег рони“. Тие се внимателни, независни и добро се прилагодуваат на нови ситуации. Што се однесува до лицата кои им значат, гуските се поставуваат многу заштитнички,

Видра (20 јануари – 18 февруари)

Карактеристика: креативност



Видрите се весели животни, па лицата родени во овој знак се карактеризираат со интелектуална стимулација, слободен дух и креативност. Имаат изразени вербални вештини. Заради нивните високи идеали, од другите бараат повеќе отколку што можат да им пружат. Без оглед на сè, видрите секогаш ја бараат вистината.

Волк (19 февруари – 20 март)

Карактеристика: лојалност



Иако се чини дека волкот е многу моќен, тој исто така е и доста плашлив и внимателен. Луѓето родени во знакот на волк се емпатични кон другите и се многу одани. Нивната главна цел во животот е да пронајдат љубов и да ја задржат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби