Три најчести грешки со кои си ги уништувате фармерките

Фармерките се омилено парче облека на многу мажи и жени. Совршени се за експериментирање и за комбинација со секакви модни стилови, но и кога сакате само да се чувствувате удобно во спортскиот изглед.

Но, постојат одредени грешки кои постојано ги правиме кога станува збор за одржувањето на фармерките, а со нив го намалуваме нивниот животен век. Еве кои се тие:



Пречесто или несоодветно перење

Перењето, покрај тоа што е неопходно за хигиена, го враќа и саканиот облик на фармерките, но ткаенината со време станува потенка, а потоа и се кине.

Но, правилата за перење на фармерките се поделени. Некои експерти тврдат дека тие треба да се перат на секои четири месеци, што сепак звучи малку екстремно, додека други велат дека треба да се перат после неколку носења. Но, машината не смее да биде наполнета со валкани алишта. За фармерките, кои имаат многу еластин, се препорачува перење после секое носење, но во ладна до млака вода, и тоа со минимална количина на прашок за перење, за да се зачува нивната боја.



Полни џебови

Доколку џебовите на фармерките имаат улога на торба, па во нив носите сè и сешто, правиме дури две грешки. Покрај тоа што тој дел од фармерките ќе го изгуби обликот, може да остави и трајни последици.

Одредените места на џебовите ќе избледат, а материјалот ќе стане потенок, со голема можност да се искине. Иако џебовите повремено можат да послужат како место за да го ставите мобилниот или некои други ситни работи, отстранете ја оваа навика доколку сакате вашите фармерки да изгледаат беспрекорно.



Погрешно третирање на дамките

Веројатно на сите во животот ни се случило да направиме уште поголема штета при обидот да исчистиме дамка од кафе, масло или вино од нашите фармерки. Непривлечната бледа дамка на тоа место предизвикана од триење е доказ за неправилно третирање.

За ефикасно да ги отстраните дамките, најважно е брзо да делувате и да не дозволите да се исуши, доколку е тоа можно. Најбрзиот трик кој веднаш ќе дејствува е мешавина на вода и сол. За да ги третирате фармерките што понежно, земете некоја мека ткаенина, натопете ја со солена вода и лесно преминете преку дамката.



Доколку фармерките сте ги извалкале со нешто масно, прво испробајте го трикот со пудра во прав (талк). Нанесете пудра на масната дамка и оставете да делува неколку часа. Пудрата би требало да ја впие маснотијата. Потоа отстранете ја со сува тоалетна хартија, па ставете ги фармерките на перење на највисока температура дозволена на декларацијата на фармерките.

За отстранување на масни дамки, ефикасно може да биде и средството за миење садови. На мека крпа ставете неколку капки од него и малку вода, па со нежни потези кружете врз дамката. Потоа потопете ги фармерките во плака вода, за дамката да се раствори и полесно да се отстрани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби