Што носи годината на Козата?

Со прославувањето на кинеската нова година и официјално е започнато владеењето на Дрвената коза која ќе донесе зголемена чувствителност, бавен раст и нагласена флексибилност при решавање на проблемите.

Годината на Козата е среќна година, но се препорачува внимателност со финансиите, а за успех е клучно да имате трпение и да дејствувате смирено и самоуверено.

Во продолжение пронајдете ја својата година на раѓање и прочитајте го предвидувањето.

Стаорец (1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008)

Новата година носи радикални промени во светот на стаорецот. Ова е вистинското време да се откажете од старите навики и да тргнете во нов правец кој ќе ви донесе прогрес. Наместо сè да работите сами, годинава обидете да функционирате во тим и повеќе да им верувате на другите луѓе. Трошењето пари ќе оди од една во друга крајност, па во текот на следниот период внимавајте како го распределувате буџетот. Што се однесува до љубовта, кратите авантури нема да донесат сериозна врска, но затоа пак односот со некои пријатели може да стане поинтимен.

Бивол (1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009)

Вашата лојалност и посветеност ќе бидат соодветно наградени, се додека не се откажете во последен момент од нештата во кои што сте вложиле многу. Годинава ќе имате големи планови и креативноста ќе биде на завидно ниво. Сепак, приливот на пари ќе биде далеку помал отколку што очекувате. Слободните ќе имаат можност да запознаат навистина интересни личности, додека оние кои не се задоволни од својата врска конечно ќе стават крај и ќе се фокусираат на нешто подобро.

Тигар (1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010)

Крволочниот тигар под влијанието на козата, станува помирен и повоздржан во своето однесување. Во март и април доаѓа до одолговлекувања кои ќе ви ги забават плановите и ќе ви ја тестираат издржливоста.  Предвидувањето вели дека ќе имате добра година во која нема да останете незабележани. Истото важи и за љубовта, каде ќе ги привлекувате луѓето со својата харизма, за веќе во следниот момент им се нафрлите и страсно ќе и се препуштите на љубовта.

Зајак (1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011)

Почетокот на годината не ветува многу и се наоѓате во ситуација кога не знаете во која насока да тргнете и што е најпаметно да направите за да се справите со хаосот во кој што се најдовте. Воздржете се од импулсивно трошење пари. Во љубовта сè има среќен епилог, па дури и раскинувањето. Честопати ќе имате потреба да си дадете повеќе простор на себе си и да уживате во моментите поминати со пријателите. Тоа не значи дека бегате од партнерот, туку дека едноставно имате потреба од повеќе дружење со други луѓе.

Змеј (1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012)

Змејовите не сакаат да прават компромис, но годината на козата ќе ги натера на тоа. Токму затоа е подобро да работите во тим, отколку да се трудите сè да завршите сами. Во љубовта нештата може да се искомплицираат кон крајот на годината, кога ќе ви биде забавно да се расправате. Сепак, тоа нема да и се допадне на другата страна, па вашите љубовни игри и терање инает, може да завршат погубно за вашата врска.

Змија (1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013)

Многу од нештата кои ги посакувате веќе долго време конечно ќе започнат да ви доаѓаат сами од себе. Благодарение на својата интуиција лесно ќе ги препознаете оние соработници кои сакаат да ви постават препрека или да ви направат проблем на работното место. Очекувате многу страст од своите врски, па кога ќе ја нема, ќе посакате да го смените партнерот или да направите пауза. Нештата не се толку страшни како што ви се чини.

Коњ (1930, 1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014)

Фокусот и трпението ќе ви помогнат да ги надминете сите проблеми со кои што ќе се соочите во професионалната околина. Иако ќе морате да се откажете од некои нешта кои досега ви биле важни, одлуката ќе има позитивен исход. Во претстојниот период ќе бидете далеку посмирени што се однесува до љубовното поле и наместо краткотрајни авантури повеќе ќе бидете заинтересирани за стабилна врска.

Коза ( 1931,1943, 1955, 1967, 1979, 1991,2003,2015)

Вашата година ви носи стабилност на финансиско поле, но ви се препорачува добро да размислите кога прифаќате нови понуди бидејќи се што сјае, не е злато. Излезете, забавувајте се и престанете да ги одбивате примамливите покани за излегување зошто ќе ви донесат навистина интересни доживувања. Не се сомневајте во својата моќ и бидете благодарни на она што го имате.

Мајмун (1932, 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004)

Комплицирана година за мајмуните бидејќи ги чекаат предизвици на секое поле. За среќа финансиската состојба нема да биде значително погодена. Пријателствата играат значајна улога во март и април кога поради тврдоглавост можете да загубите нешто што сте го граделе со години. Ако досега сте се задоволувале со трошки во љубовните односи, сега ќе размислите два пати дали да се впуштите во една неисполнета врска.

Петел (1933, 1945, 1957, 1969, 1981, 1993, 2005)

Годината на козата ќе ве натера да бидете потолерантни кон луѓето кои не ви се допаѓаат. Освен тоа ќе го намалите темпото, нема да се форсирате и ќе им дозволите на другите да покажат што знаат, стратешки собирајќи ги плодовите на крајот од завршената работа. Ако веќе подолго време сте во потрага по партнер, следнава година е најповолна за тоа. Доколку сте во врска потрудете се да бидете помалку критични кон својот сакан/а.

Куче (1934, 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006)

Ќе започнете да се сомневате во своите способности, но тоа е само привремено бидејќи среќата лесно ќе ви се менува во текот на годината. Сакате да им излезете во пресрет на сите кои ќе затропаат на вашата врата, но овој пат најдобрата опција е да речете „не“. Помалку сте љубоморни што не можете да го имате целото внимание на својот партнер. Можеби е најмудро да си најдете ново хоби или пак повеќе да се посветите на себе си. Оние кои не се во врска, одлично ќе се забавуваат со пријателите каде што имаат шанси да ја пронајдат и својата љубов.

Свиња ( 1935, 1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007)

Секој пораз ќе го доживеете како нова можност да се докажете и да покажете колку сте способни. Некои ситуации ќе изгледаат безнадежно, но на крајот ќе успеете да се изборите со предизвикот. Не се препорачува да давате пари на заем, зошто голема е веројатноста да не ги добиете назад. Паровите со страст се посветуваат на својата врска, додека оние кои што се сами се со една нога на земја, а со друга во облаци. Внимавајте да не го преплашите потенцијалниот партнер со својот ентузијазам.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби