8 типови на женски гради

Едни се мали, други се големи, трети се со форма на јаболко, а четврти благо спуштени.

Според едно истражување спроведено врз примерок од 400 илјади жени, постојат 8 типови на гради. Токму затоа многу дами имаат проблем при купувањето на долна облека и не можат да се вклопат во стандардниот тип на градник.

1.Благо спуштени

Ваков тип на гради имаат 10 проценти од жените. Кај некои од нив обликот отсекогаш бил таков, додека кај други настанал како трансформација по доењето.

Градник: push up

2.Гради со добар тонус

Без разлика дали се големи или мали овие гради се солидно цврсти и тонирани. Може да се најдат кај 30 проценти од жените.

Градник: било каков

3.Исправени

Цврсти гради кои без проблем стојат и кога не носите градник. На прв поглед изгледаат како да се вештачки.

Градник: без дополнителни пополнувања

4.Корнет гради

За разлика од другите гради, овој облик не е топчест туку шилест. Вакви гради имаат 6 до 7 проценти од жените.

Градник: модел кој дава волумен

5.Спуштен тип

Дури 27 проценти од дамите имаат ваква форма на гради. Со стареењето, тонусот се губи и градите започнуваат да се спуштаат надолу.

Градник: модел со добра поддршка

6.Нееднакви гради

Постои разлика помеѓу едната и другата града. Може да се појават за време на менопауза кога поради хормоните градите се шират нееднакво. Истата појава се јавува и кај спортисти кои повеќе ја користат едната рака од другата.

Градник: модел со дополнителни пополнувања кои можете самите да ги поставувате под саканата града

7.Тенок тип на гради

Изгледаат потенко и далеку поспуштено од класичниот облик на гради. Токму поради својата форма не го потполнуваат градникот, па изгледа дека има празен простор помеѓу градата и корпата на градникот.

Градник: Push up и модел со дополнителни пополнувања

8. Раширени гради

Градите се прилично разделени една од друга, додека брадавиците се свртени кон сосема различни страни.

Градник: градник со корпа во форма на буква U. Дополнителниот материјал од страните на прерамките овозможува градите да се зближат една кон друга.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби