Жените се поамбициозни од кога било

Улогата на жената во друштвото многу се промени, но и начинот на кој жените се перципираат себеси и својот потенцијал за работен успех. Судејќи според истражувањата, се чини дека ја имаме најамбициозната генерација на жени која некогаш постоела.

Со цел на одбележувањето на Меѓународниот ден на жената, консултантката фирма PwC, спровела истражување на 8.756 жени кои припаѓаат на Y генерацијата (жени родени меѓу 1980-1996 година) од вкупно 75 земји од светот. Судејќи според резултатите, жените се поинтелигентни од кога било.



Најважните резултати кои ги добиле истражувачите се следните:

  • Припадничките на Y генерацијата сметаат дека може да се искачат до највисоко ниво кај својот моментален работодавач, особено жените кои се на почеток на својата кариера (49%).
  • Дури 53% од припадничките ги ставаат можностите за напредување во кариерата на врвот на листата, поради што имаат зголемена верба во кариерата и поамбициозни се во споредба со претходните генерации.
  • Жените во Бразил (76%), Индија (76%) и Португалија (68%) имаат најголема самодоверба, додека нивните врснички во Јапонија (11%), Казахстан (18%) и Германија (19%) имаат најмало ниво на самодоверба.
  • Од припадничките на генерацијата Y кои се во врска, 86% се во врска во која и двајцата партнери се вработени, од кои 42% заработуваат еднакво како и нивните партнери, а скоро ¼ остваруваат поголеми приходи од својот партнер.
  • Кога се работи за разноликоста, 86% жени бараат работодавачи кои посветуваат големо внимание на разновидноста, еднаквоста и вклучувањето, додека 71% не сметаат дека сите имаат еднакви прилики. Скоро 43% сметаат дека работодавачите се пристрасни кон мажите кога се работи за интерно промовирање на вработениот – за 14 бодови повеќе во споредба со 2011 година.
  • Припадничките на Y генерацијата во Шпанија (60%), Франција (58) и Ирска (56) сметаат дека пристрасноста на работодавците кон мажите во нивните земји е најголема, додека во Малезија (16%) и Филипините (11%) се пооптимистични.

- Нашето истражување покажува дека припадничките на Y генерацијата означуваат нова ера на женскиот талент. Повеќето припаднички се високо образовани и влегуваат во пазарот на трудот во многу поголем број отколку која била претходна генерација, со многу поразлични размислувања за кариерата, изјави Денис Нали, претседател на PwC International.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби