Сурово реален хороскоп кој ќе ве замисли

Што велите за мал цинизам на туѓа, но и на своја сметка? Следи најлошото од секој знак во зодијакот – малку генерализирано и помпезно, но прилично забавно. За овој хороскоп забрането ви е да се налутите!

Овен

- Војник, секогаш прв, склон кон игри и сплетки, често избувлив и карактеристичен со нагли потези.

- Ги сака припадниците на спротивниот пол, сметајќи ги за сексуални објекти и после „извршената“ работа често и шутнува. Пример за тоа се Казанова и Марлон Брандо.

- Силен економист – повеќето овни се добро платени во работата.

- Недостатоци: гордост, брзоплетост и его.

- Може да биде садист (Хитлер, Хрушчов, Иван Грозни).

Бик

- Сака да јаде, да пие и да спие. Покрај тоа и да има секс.

- Темпераметен, дипломат, тврдоглав и често мрзелив (освен ако не се работи за добро платена работа).

- Материјалист, често успешен во политиката и воените детали, но и во економијата.

- Ја сака уметноста, а се вели дека поседува талент и да створи нешто сам.

- Недостатоци: непопустливост, склоност кон алкохол, љубомора.

- Познати Бикови: Сократ, Фројд, Тито, Макјавели.

Близнаци

- Половина-половина личности: колку добри страни имаат, толку имаат и лоши.

- Привлечни се, но ладни; интелигентни, но неемотивни; самокритични, но сакаат да ги критикуваат и останатите.

- Контрадикторен, дуален знак кој денес тврди едно, утре друго, а потоа плука по она што вчера го запишувал во ѕвездите.

- Често се бисексуални.

- Познати Бикови: Платон, Џек Лондон, Мерлин Монро, Анџелина Џоли.

Рак

- Воден знак со променливо расположение, кој се пронаоѓа речиси во секоја професија, но му треба време да се одлучи само за една.

- Доколку не се одлучи за насоката во професионалниот живот на време, може да стане и социјален случај. Од друга страна, може да стане Рокфелер или Тесла (а такви луѓе еднаш се раѓаат).

- Инаку е добар домаќин, со одмерено однесување и темперамент. Емотивен е и хиперсензибилен и лесно се навредува , но не покажува дека е повреден или дека нешто му пречи.

- Често имаат поетска и уметничка душа.

- Недостатоци: Лесно се навредуваат, склони кон пороци, преемотивни, а понекогаш и заборавени.

Лав

 - Ниту еден Лав или Овен не истуркал далеку во животот, без да го отсакаат блиските или без да изврши самоубиство (Хитлер, Наполеон).

- Како вистински диктатор, не ги признава своите грешки бидејќи тој е секогаш во право. Доколку е надвладеан или доколку се наоѓа во околина која интелектуално (или на некое друго поле) е над него, се повлекува. Може да биде и добар дипломат, но тоа поретко се случува.

- Доколку моќта е во негови раце, околината дефинитивно ќе настрада.

- Најдобро е да му го нахраните егото и да му оставите негов простор за да не ги тиранизира оние околу него.

Девица

 - И девицата е малку дуален знак, добар во речиси сè што прави, самокритичен, а понекогаш своеглав и мрзелив.

- Аналитичен е, материјалист како и Бикот, има променлив нарав, добар по природа и импулсивен.

- Доколку изреагира премногу нагло, може да ја упропасти ситуацијата, па тогаш ги повикува пријателите на помош.

- Има боемска црта што подразбира карти, алкохол и секс (Толстој).

Вага

 - Единствениот воздушен знак со вистински емоции, но прилично несреден.

- Склони се кон убави и ретки работи (Моника Белучи), добри декоратери се и добри пријатели.

- Жените ваги не се оптоварени со конзервативни правила во љубовта.

- Недостатоци: многу трошат, хировити се, не знаат што сакаат од животот и често се невротични.

Скорпија

 - Депресивен и многу мистериозен знак.

- Често се крие под маската на зафркант, успешен е во работите кои бараат динамика – маркетинг, промотер, префесионален возач и тн.

- Ги сакаат пороците, особено алкохолот и дрогата.

- Многу се љубоморни, импулсивни и одмаздољубиви.

- Во комбинација со Бик достигнуваат 100% страст.

- Склони се кон деструкција на самите себе и на останатите.

- Позната Скорпија: Антонио Бандерас.

Стрелец

 - Филозофи полни со среќа, луди возачи, а често и коцкари.

- Кога нешто ќе намислат нема шанси да се откажат, а доколку не успеат, никогаш нема да признаат за тоа, слично како лавовите.

- Нивниот збор мора да биде последен, иако некогаш знаат и мудро да молчат.

- Не сакаат стеги и конзервативизам, отворени се максимално и склони кон дебати. Со нив може да се соработува.

- Воглавно се атеисти и агностици.

Јарец

- Материјалисти се, знаат да бидат мрзеливи и тврдокорни. Може да израснат во математичари или програмери, но воглавно не успеваат да стигнат предалеку.

- Доколку се нафатат на некоја работа, ќе ја направат до перфекција.

- Прифаќаат единствено „бетонски“ докази за било што, особено за духовноста, но не е чудо и тогаш да пронајдат некоја замерка.

- Цинизмот и ароганцијата не им се непознати, а некогаш знаат и да си препишуваат туѓ успех. Но, воглавно не се лоши луѓе по природа.

- Жените Јарци се исклучително „на цена“.

Водолија

- Знак чие владеење е во тек.

- Има променлива природа и плитки емоции, многу се паметни, понекогаш се и генијални, прилично се сестрани.

- Добри пријатели се, но заради искреноста и отвореноста, луѓето знаат да им замерат.

- Сакаат да се зафркаваат, но знаат да бидат и хумани.

- Сакаат да учествуваат во оргии, склони се кон консумација на големи количини на алкохол и швалерисување.

- Препорака: Избегнувајте подолго дружење со нив.

Риби

- Сите знаци се обединети во овој знак, што никако не е добро.

- Често имаат криза на идентитетот, дивергентност која предизвикува поделеност на сите страни, контрадикторност и изразена променливост на расположението – особини кои во никој случај не се за пофалба.

- Ова може да биде личност која ладнокрвно ќе ви ја откине главата, или пак, да се расплаче како мало дете доколку и’ ја погодите точката.

- Припадници на овој знак биле многу генијалци, како Нострадамус, Мојсеј, Леонардо да Винчи, Микеланџело и Коперник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби