10 последици од недоволно внесување вода

За да ја задоволите жедта, најдобро е да посегнете по чаша обична, негазирана вода. Но, овој природен извор на здравје многу често забораваме да го вклучиме во секојдневната рутина, правејќи му голема штета на нашето тело.

Во продолжение прочитајте неколку знаци според кои можете да одредите дали на вашето тело му недостасува вода.



Устата ви е сува

Најочигледен знак преку кој се манифестира жедта е сувата уста, јазик и усна шуплина. Но, доколку устата ви е сува, значи дека вашето тело веќе е дехидрирано. Треба да си го слушате телото уште пред да ви се исуши устата и да ја задоволите неговата потреба.

Кожата ви е исушена

Кожата е наш најголем орган, на кој му е потребна голема количина на вода за да може да функционира на правилен начин. Исушената и надразнета кожа е еден од првите знаци на потполна дехидрација, која потоа може да води кон сериозни последици за телото. Покрај тоа, недоволниот внес на вода ја намалува можноста на телото да се поти, со што се отежнува исфрлањето на токсините.



Очите ви се суви

Недостатокот на вода се манифестира и низ сувоста на очите, кои заради тоа стануваат црвени. Неможноста за навлажнување на очите особено им создава проблеми на оние кои носат контактни леќи.

Ве болат зглобовите

Рскавицата и рбетните дискови содржат дури 80% вода. Доколку сакаме да го спречиме непријатното трнење на коските на секој чекор кој го правиме, на секое скокање, вежбање и трчање, треба да внесуваме соодветна количина на вода.



Ви се намалува мускулната маса

Мускулите исто така содржат значајна количина на вода. Недостатокто на вода во телото автоматски е поврзано со намалување на мускулната маса. Редовното пиење на вода пред, за време на и после вежбање, ќе му даде на телото гориво за да го издржи напорот и да се намалат последиците од тренингот.

Се чувствувате уморно

Поспаноста, заморот и летаргијата се дополнителни симптоми на недостаток на вода во телото. Кога не внесувате доволно вода, телото ја „позајмува“ од другите достапни органи, заради што се чувствувате лошо, уморно и побавно се опоравувате од болести.



Чувствувате напади на глад

Дехидрацијата го „лаже“ вашиот мозок, па тој му испраќа сигнали на телото дека е гладно. Како резултат на тоа, нападите на глад ве фаќаат во секоја доба од денот и ноќта, а понекогаш знаат и да ве разбудат од сон. Но, консумацијата на храна без соодветна хидратација го забавува метаболизмот и поттикнува создавање на масни залихи во телото.

Ве мачи варењето на храна

Желудочните киселини се само еден од сигналите на претераната количина на киселини во желудникот, која се појавува од недостаток на вода. Водата го навлажнува дигестивниот тракт, а доколку ја внесувате во соодветни количини, истата спречува создавање на проблеми во цревата, како и спречување на тврдата столица или затвор.

Имате намалена потреба за посета на тоалетот

Недостатокот на водата во телото влијае и на вашата потреба за уринирање. Доколку не одите во тоалетот барем 4 до 7 пати во текот на денот, значи дека пиете премала количина на вода. Потемната боја на урината е уште еден знак дека не сте доволно хидратизирани.

Појава на знаци на предвремено стареење

Недостатокот на вода е видлив и на вашето лице. Со оглед на тоа што влијае на сувоста на кожата, истата станува изложена на предвремени брчки, ја губи еластичноста и резултира со изглед на вашето лице кој е постар отколку што реално би требало да биде.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби