Корисни јога пози за вашите најмили

Јогата е идеална за справување со стресот и нервозата, па кога можат да ја практикуваат возрасните зошто не би можеле и децата. Доколку го научите своето дете уште од мали нозе да влијае врз својата емотивна состојба преку физички движења, ќе израсне во балансирана и ментално здрава личност.

Се разбира дека тука не станува збор за комплицирани јога пози, туку за едноставни движења кое вашето малечко без проблем ќе ги совлада и ќе бидат корисни за неговото психофизичко здравје.

Пчеличка

Замолете го детето да земе длабок здив. Позата се изведува така што се прави спуштање на колена и рацете се ставаат зад грб. Додека вдишува ја спушта главата надолу и зуи како пчела. Правилното дишење го смирува и му помага во справувањето со емоциите.

Маче

Доколку вашето дете има проблем со стресот и фрустрацијата поставете го во маче поза. Научете го своето дете да го свитка рбетот како мачка. Вовлекувањето на стомакот и напрегањето на грбните мускули благотворно делува на грбот и помага во контролирањето на негативните емоции.

Облак

Позата облак помага во ослободување на скриените трауми кои ги чувствува детето. Вдишувајќи и издишувајќи детето треба да замисли како сите лоши емоции одат нагоре кон облаците.

Дрво

Идејата на позата е детето да научи да ја одржува хармонијата и рамнотежата и во најтешките моменти. Неопходно е да застане право, да го исправи грбот и рамената и да дише длабоко, па потоа едната нога да ја потпре на другата.

Дете

Оваа поза го смирува централниот нервен систем и му дава чувство на сигурност на детето, освен тоа е мошне корисна за хиперактивни деца. Побарајте од вашето дете да клекне на колена и да го собере своето тело држејќи ги рацете до телото. Додека е во оваа поза треба да дише длабоко користејќи го целиот потенцијал на белите дробови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби