Совршена исхрана за кожа оштетена од сончање

Често ни се случува кога ќе излеземе на плажа првите денови да изгориме и да не пече целата кожа. Тогаш веќе не ни сакаме да излегуваме на сонце и постојано сме во вода, каде што ни е попријатно. Сепак, правилниот избор на намирници може многу да ни помогне за кожата да се регенерира.



Штом се вратите од плажа напијте се аспирин

Ако кожата ви е црвена, чувствителна ви е на допир или ви се појавиле болни пликови тогаш напијте се аспирин или парацетамол, бидејќи овие аналгетици имаат анти-инфламаторно дејство, ја ублажуваат болката и го зајакнуваат одбранбениот систем на организмот.

За ручек – готвен домат

Овој зеленчук преовладува со витамини А, Ц и Е, антиоксиданси кои му помагаат на организмот да се заштити од сончевите зраци. Исто така, добро ќе ви дојде и брокулата и пиперката, црвеното овошје, кајсијата, дињата, праската и лубеницата. За да му обезбедите на телото доволно витамин Е, користете масло од билки и грицкајте лешници, бадеми и ореви.



Попладневна ужина од чај во неограничени количини

Флавоноидите во чајот (175мг по шолја) ни малку не заостануваат зад другите моќни антиоксиданси, како што се витаминот Ц и Е. Освен тоа, ако низ целиот ден пиете чај, на дехидрираниот организам ќе му обезбедите доволно течности. Минимум треба да консумирате од две до пет шолји чај дневно.

За вечера – скуша на жар

Сончевите зраци ги оштетуваат масните киселини во мембраната на клетките на кожата, па затоа губи еластичност и потешко се регенерира. Ако се внесе доволно количина, омега 3 масните киселини овозможуваат да се обнови потребното ниво на масти во мембраната. Најмалку два пати неделно јадете масна риба, како што се скуша, сардина, лосос, харинга, туна, а за да ги пригответе користете сојно или маслиново масло.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби