БРЗО ВРАЌАЊЕ НА СИЛАТА

Супер здрави намирници за новите мајки и нивните бебиња

Породувањето е исклучително исцрпно искуство, после кое на жените потребно им е доста време за опоравување. Истото би требало да вклучува и посебен режим на исхрана, кој ќе ви помогне да си ја вратите силата.



Ви претставуваме листа на осум намирници кои младите мајки би требало почесто да ги внесуваат, со цел да го подобрат сопственото здравје, како и здравјето на нивните бебиња.

Боровинки



Богати се со антиоксиданси, благодарение на кои овие бобинки се ефикасни во елиминација на слободните радикали во телото. Боровинките содржат есенцијални витамини, минерали и имаат доза на јаглехидрати кои успешно ќе ви го задоволат гладот.

Бадеми



Богати се со витамин Е, калциум и протеини, кои се добри за коските и забите. Содржат и есенцијални масти, а познато е дека омега 3 масните киселини го зголемуваат производството на мајчиното млеко.

Анасон



Баш како и бадемите, анасонот го зголемува производството на млекото. Благотворните материи од анасонот, преку мајчиното млеко помагаат за смирување стомачните грчеви кај бебињата. Можете да го јадете свеж во салата или да направите чај од неговото семе.

Во едно тенџерче ставете четири шојли вода и една чајна лажичка семе од анасон, па мешавината оставете ја да врие 5 минути, а потоа тргнете ја од оган. Кога ќе се подолади, додадете една лажица мед и малку лимон. Овој напиток можете да го пиете во текот на целиот ден.

Кафеав ориз



Интегралниот ориз го зголемува нивото на енергија, а истовремено го држи на нормала нивото на шеќер во крвта. Содржи многу повеќе влакна и есенцијални нутриенти од белиот ориз.

Овес



Оваа житарка има лактогено својство, богата е со влакна и многу помага кај анемијата, што е чест проблем кај жените кои неодамна се породиле. Заради тоа консумацијата на овесот во сите облици е идеална за новите мајки.

Лосос



Заради својата голема нутритивна вредност, оваа риба е една од најценетите намирници и заради тоа им се препорачува на сите. Лососот е полн со здрави омега 3 киселини, протеини и витамин Б12.

Спанаќ



Листестиот зеленчук со зелена боја, особено спанаќот, е богат со фолна киселина. Спанаќот го поттикнува развојот на колаген и ревитализирањето на рскавицата, што и тоа како е важно за мајките кои се породиле со царски рез.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби