Излекувајте ја астмата во 4 чекори

Астмата е доста често хронично заболување на дишните органи, кое се манифестира како воспаление на бронхиите. Примарните симптоми на астмата вклучуваат кашлица, отежнато дишење и стегање во градите. Астмата е особено застапена кај децата помлади од 10 години. Оваа болест и денес се лечи со разни лекови, а често е неопходна и употреба на инхалатор.



Но, доколку ви дозволуваат условите, понекогаш е добро да се избегнуваат фармацевтските производи. Во природата можат да се најдат многу билни додатоци со различно ниво на успешност во лекувањето и разбивањето на симптомите на астмата.

Во продолжение ви претставуваме четири начини за природно лекување на астмата:

Природен лек за астма 1: Омега 3 есенцијални масни киселини



Омега 3 масните киселини имаат витална важност за целокупното човечко здравје. Тие не можат да настанат во организмот, туку мора да се внесат преку исхраната. Главните прехранбени извори на омега 3 масните киселини се морската риба, лененото масло и јајцата. Преку истражувања потврдено е дека омега 3 масните киселини може да го намалат вопсалението, кое е главен причинител на астмата.

Природен лек за астма 2: Витамин Ц



Витаминот Ц игра важна улога кога е во прашање здравјето на белите дробови, како и за целокупниот имунолошки систем. Овој витамин, како силен антиоксиданс, ја намалува присутноста на алергени во белите дробови кои ги напаѓаат бронхиите и предизвикуваат астма. Популацијата на луѓе кои традиционално редовно внесуваат доволни количини на витамин Ц, поретко заболуваат од астма. Дневните потреби на организмот за овој витамин изнесуваат околу 80 мг, додека за лечење на астмата се препорачува поголем внес. Намирниците богати со витамин Ц се јужното овошје, црвената пиперка, зелката, брокулата, јагодите...

Природен лек за астма 3: Витамин Б12



Следниот природен лек за астма е витамиот Б12. Неколку научни истражувања покажале дека витаминот Б12 може да ја намали јачината и зачестеноста на симптомите на астмата. Намирници богати со витамин Б12 се месото, млекото и јајцата.

Природен лек за астма 4: Флавоноиди



Флавоноидите претставуваат моќен антиоксиданс и може да бидат ефикасен природен лек против астма. Тоа се материи кои можат да се синтетизираат само во билките. Покрај тоа што ја поттикнуваат апсорпцијата на витамин Ц, флавоноидите позитивно делуваат на целиот организам, спречуваат и смируваат многу болести и потешкотии. Ги штитат белите дробови, позитивно делуваат на мембраната на белите дробови и го смируваат воспалението. Добрите прехранбени извори на флавоноидите се зелениот чај, кромидот, ѓумбирот, лушпата и семките на грозјето, црвеното вино, црното чоколадо, бобинките, пиперката, доматот и портокалот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби