Чудесна мешавина за силен имунитет

Што би рекле доколку во вашето секојдневие би можеле превентивно да влијаете на настанокот на многу болести?

Оваа вкусна и навистина чудесна мешавина можете да ја подготвите и сами, и тоа само од две состојки - сусам и мед, а со комбинација на нивната арома, мешавината ќе ве освои уште од првата лажичка.



Фитостеролите, состојки кои имаат хемиска структура слична на холестеролот, кога се во исхраната присутни во доволна мера, се верува дека можат да го намалат нивото на холестеролот, да го подобрат имунитетот и да го намалат ризикот од одредени видови на рак.

Најмногу фитостероли има во семките од сончоглед (270-289mg/100g) и во семките од тиква (265mg/100g), додека сусамот има највисоко вкупно ниво на фитостероли (400-413mg/100g) од сите семки.

За лековитите својства на медот, пак, се зборува со векови. Неговото антибактериско дејство е слично на пеницилинот, а докажано е дека бактериите не можат да преживеат во него.



Комбинацијата на овие две намирници исклучително е богата со аминокиселини, а најдобро би било да ги консумирате на празен желудник.

Оваа мешавина го подобрува имунитетот, го забрзува работењето на цревата и дигестивниот тракт, ја намалува желбата за благо, помага во лечење на стомачните тегоби, а особено се препорачува за лицата кои боледуваат од гастритис.

Се подготвува наједноставно. Помешајте една голема лажица мед со мала лажичка сусам. Можете да направите и поголема количина користејќи ги овие пропорции, а потоа да консумирате по една лажичка наутро на празен желудник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби