Дуња – најдобриот есенски лек

Дуњата претставува есенска витаминска бомба, а нејзините лековити својства уште одамна се познати и се користат во народната медицина, пред сè како средство за ублажување на кашлицата и за смирување на стомачни болки.

На ова благотворно овошје, кое потекнува од југозападна Азија, лековити делови му се плодот, листовите, семките, а особено сокот и сирупот од плодот.



Плодот на дуњата изобилува со витамини и минерали, од кои најмногу витамин Ц, Б1, Б2, ниацин, каротен, калциум, магнезиум, калиум, бакар, натриум, цинк, железо, манган, натриум, хлор и сулфур. Покрај тоа, содржи и протеини, диетални влакна и јаглени хидрати.

Семките се незиниот најлековит нејзин дел, а кога ќе отстојат во вода ослободуваат слуз кој помага кај проблемите со кашлицата. Семките содржат голема количина на амигдалин, односно витамин Б17, кој има антиканцерогено дејство, а богати се и со масти, танин, пектин, шеќери, јаболкова киселина, емулзин и протид.

Благодарение на танинот и слузот, дињата поволно делува на работата на цревата и спречува развој на инфективни болести. Исто така, оваа овошка содржи и доста пектин, кој поволно делува на крвниот систем, помага во намалување на крвниот притисок и пружа заштита од радиоактивно зрачење.

Сокот од дуња лечи кашлица, астма и дијареа, додека печениот или варениот плод се препорачува и за лечење на слузокожата на грлото, крајниците, дишните патишта, како и за ублажување на обилната менструација.

Чајот од семки од дуња лечи несоница, ја ублажува напнатоста и го отстранува непријатниот здив, додека слузот од семките лечи изгореници и рани.



Чајот од листови на дуња е одличен природен лек за спречување на проливот.

Чај од плодот: Овој чај благотвотно делува на дишните патишта, ја смирува кашлицата и ги ублажува симптомите на бронхитис.

Подготовка: Добро измијте го и пресечете го плодот на четири дела. Отстранете ги семките и тврдиот дел околу нив, а меснатиот дел исечете го на тенки парчиња и ставете ги во литар вода, за да не ја променат бојата. Варете на тивок оган 15 до 20 миути, а потоа оставете го да се олади, па процедете го и пијте го во текот на целиот ден.

Сируп за бронхитис: Народниот лек против кашлица и воспаление на дишните органи можете да го направите многу едноставно, само од неколку семки.

Подготовка: Издробете пет семки од дуња и прелијте ги со 100 мл вода. Кога ќе се создаде густа слузава маса, додадете 15 гр свеж сок од тегавец и 100 гр мед од жалфија. Земајте по една лажичка три пати на ден, пред јадење

Сок за желудник: Проблемите со варењето можете исто така да ги елиминирате со сок од дуња.

Подготовка: Измите еден килограм дуњи и изрендајте ги, па потоа процедете ги. Свежиот сок испијте го веднаш бидејќи оксидира. Најдобро е да го консумирате пред јадење.



Мелем за изгореници: Мелемот кој се подготвува од семки од диња може да ви биде од голема помош за лечење на умерени изгореници и рани.

Подготовка: Издробете 10 семки од дуња, прелијте ги со 200 мл вода и почекајте да се создаде слуз. Нанесете ја на изгорениот дел од телото, директно или како облога.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби