15 причини зошто се здрави кикириките

Кикириките се од фамилијата на зрнеста храна, која е најдобар извор на протеини. Може да се консумираат солени, печени, па дури и сирови. Следниот пат кога ќе грицкате вкусни кикирики, размислете за нивните здравствени бенефиции кои ќе ви ги прикажеме во прилог:



Ја подобруваат меморијата

Витаминот В3, кој го има во кикириките, ја подобрува работата на мозокот и меморијата.

Се борат против стомачните канцери

Полифенолните анти-оксиданси се присутни со висока концентрација во кикириките. Оваа киселина има способност да го намали ризикот од канцер на стомакот, преку намалување на азотни канцерогени амини.

Го намалуваат ризикот од срцев удар

Овој факт се уште не е целосно докажан од научниците. Сепак, познато е дека кикириките содржат ресвератрол, кој при истражување кај животните покажал дека го намалува ризикот од срцев удар. Ресвератролот е истата честичка пронајдена и во црвеното вино, преку која докторите докажале дека го штити срцето.

Го намалуваат ризикот од здебелување

Жените кои јадат кикирики или путер од кикирики најмалку два пати неделно, се помалку подложни на здебелување, за разлика од оние кои не консумираат.



Одлични се за срцето

Многу луѓе сметаат дека храната која содржи масти е лоша за јадење. Сепак тоа се мононезаситени масти, познати и како здрави масти. Кикиритките се богати со здрави масти, витамин Е, фолати и протеини – кои се одлични за срцето! Исто така содржат и многу антиоксиданси, кои го штитат срцето.

Го намалуваат високиот холестерол

Благодарение на здравите масти во кикиритките, се намалува и нивото на холестерол во крвта.

Помагаат при камења во жолчката

Дваесет годишната анкета спроведена врз над 80.000 жени покажа дека оние кои јадат најмалку 30гр лешници, кикиритки или путер од кикиритки секоја недела имаат 25% помал ризик од развивање на камења во жолчката.

Се борат против депресијата

Ниското ниво на серотонин води кон депресија, додека тиофенот во кикириките го зголемува нивото на овој протеин.



Помага при бременост

За време на рана бременост жените треба да консумираат 400мгр фолати, кои ги има во кикириките, со цел да спречат дефекти на невралната туба кај новороденчето.

Го намалуваат ризикот од пад на когнитивните функции

Истражувачите веруваат дека оние кои консумираат хранлив нијацин се заштитени од пад на когнитивните функции и болестите како што е Алцхајмеровата. Кикириките содржат нијацин, па се советува да ги консумирате секојдневно.

Го превенираат појавувањето на акни

Кикириките се богати со витамин Е, кој многу добро се бори против акните. Исто така, содржат нијацин кој помага при отворање на крвните садови, а со тоа и ја подобрува циркулацијата под кожата.



Го намалува ризикот од парализирање

Кикириките се богат извор на ресвератол, кој го подобрува крвотокот во мозокот до 30% и помага при намалување на ризикот од парализа.

Анти-воспалително дејство

Состојките кои ги има во кикириките помагаат при намалување на отокот и црвенилото на кожата, се борат против бактериите и помага при регенерирање на клетките на кожата.

Сега одете до продавница и набавете си ги кикиритките какви што сакате да ги јадете!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби