Еве зошто никогаш повеќе не треба да облечете тесни фармерки

Сигурни сме дека во тесните панталони задникот ви изгледа привлечно, а и нозете ви доаѓаат до израз, но мораме да ви напоменеме дека на претесните фармерки местото им е само во корпата за отпадоци.



Колку и да се модерни и секси, претесните фармерки дефинитивно не се добар избор за облекување – барем не кога станува збор за здравјето.

Имено, неодамнешната студија покажала дека нивното носење може да предизвика сериозни проблеми, како што е оштетување на нервите во долниот дел на нозете. Како што пишува Journal of Neurology, група на лекари издале важно предупредување во врска со штетноста на ваквата облека.

Тие најпрво го споделиле случајот со 35-годишната жена, која заради носење на фармерки со еластин, определено време била целосно парализирана.



Во својата исповед, жената која претпочитала да остане анонимна, раскажала како поминала цел ден во тесни фармерки во клекната положба, пакувајќи кутии.

Забележала дека нозете и’ станале премногу крути и кога и да се поткренела, имала непријатно чувство. На патот од работа до дома паднала, а после неколку часа завршила во ургентниот центар.

Лекарите забележале дека и двете нозе и’ биле оштетени под колениците, па веднаш ги соблекле фармерките од неа. Дури после четири дена од одморањето, повторно можела да оди речиси нормално. Експертите објасниле дека тесните фармерки и клекнатата положба кај оваа жена предизвикале вистински здравствен проблем, кој за среќа бил краткорочен.

Инаку, од постојано носење на ваква облека може да дојде до компресија на перонеалните нерви, кои се наоѓаат долж целите нозе, од стапалата до задникот, што во екстремни случаи може да доведе и до трајна парализа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби