Преку правилна исхрана до зачнување

Одредени намирници може да помогнат при зголемување на шансите за забременување. Што повеќе консумирате производи богати со омега 3 киселини, полномасно млеко, јаткасти плодови, тоа подобро.



Едно истражување направено на универзитетот Харвард, покажало дека неплодноста се намалува за 80%, ако жената има посебен режим на исхрана и ако промени некои нездрави животни навики. Кон ова истражување се приклучува и нутриционистот Зита Вест од Велика Британија, која вели дека паровите што сакаат да основаат семејство, треба да се придржуваат на четири основни правила за исхрана.

Имено, таа советува да јадете почесто скуша, харинга, сардина или лолос, кои се одличен извор на витамин D. Овие видови на риба би требало да ги консумирате два до три пати неделно. Исто така вметнете и авокадо, ореви, семки и ленено семе, кои содржат омега 3 масни киселини и влијаат врз подоброто попуштање на мембраните на клетките, вклучувајќи ги и јајце-клетките. Дневно пијте шолја до две полномасно млеко, кое позитивно влијае врз јајниците. Ако пак не сте љубители на млеко, како замена може да консумирате полномасен јогурт, бидејќи на телото му требаат и малку маснотии за да ги апсорбира хранливите состојки, важни за плодноста.



Едно дневно мени би требало да содржи:

  • 1 оброк со спанаќ, блитва или млад кељ
  • 1 чаша сок од свеж зеленчук (или една салата од различен зеленчук)
  • 1 оброк богат со есенцијални масни киселини
  • 1 до 2 јајца дневно
  • Малку јаткасти плодови за грицкање
  • 1 до 2 чаши исечкано свежо овошје и житарици
  • Многу вода
  • Два пати неделно леќа
  • Три пати органско месо
  • Еднаш неделно црн дроб

Исто така се препорачува:

  • Јајца богати со витамин D и B12 и протеини
  • Јаткасти плодови и семки, кои содржат омега 3, витамин Е, протеини и цинк. Јадете ги сирови и тоа посебно
  • Месо – бирајте го месото од животните кои се одгледани во селски домаќинства
  • Од зеленчук бирајте: спанаќ, кељ, блитва и здрава зелка. По бојата на зеленчукот можете приближно да ја одредите количината на витамините. Црвениот и зелениот зеленчук е богат со витамин С, а портокаловиот со витамин А. Трудете се преку денот да јадете што е можно поразличен зеленчук за да внесете повеќе различни витамини
  • Од овошје јадете суви сливи, суво грозје, шипки, јагоди и боровници



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби