Научниците докажаа: Дали вегетаријанците живеат подолго?

За некои одлуката да станат вегетаријанци или да се стават на посебен режим на исхрана може да доаѓа од семејното мени или пак самите да си одлучат дека тоа е најдобриот режим на исрана за нивниот организам. Исто така, ако некој разбере дека некој друг е вегетаријанец, многу често се случува да му поставува прашања зошто се одлучил на ваквиот начин на исхрана и дали смета дека поради тоа можно е подолго да живее.



Истражувачите од универзитетот Лома Линда во Калифорнија се решиле да го испитуваат животниот век на вегетаријанците. Според истражувањето, некои докази покажуваат дека вегетаријанската исхрана може да биде поврзана со подолг животен век.

Истражувачите разгледувале податоци на испитаници од 2002 до 2007 година и тоа на волонтери кои се хранеле нормално, на полу-вегетаријанци, вегетаријанци, вегетаријанци кои консумираат само риба како храна од животинско потекло и вегани. Резултатите покажале дека смртните стапки биле за 12% пониски кај вегетаријанците, за разлика од невегетаријанците, додека пак веганите имале уште пониска стапка за смртност од 15%.



Вегетаријанците кои јадат риба, покажале 19% пониски стапки за смрт, за разлика од оние кои не се вегетаријанци. Во споредба со оние кои јадат месо, полу-вегетаријанците имаат 8% помала стапка на смртност.

Одредени видови на храна се поврзани со продолжување на животниот век, а во тие спаѓаат овошје, лешници, зелена салата, медитеранска исхрана, додека другите производи како што се месото, јајцата и одредени производи од животинско потекло го даваат спротивниот ефект.

Според Time, вегетаријанската исхрана може да помогне при намалување на висок крвен притисок, подигнување на расположението, намалување на болести поврзани со срцето, како и намален ризик од рак и дијабетес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби