Боровинките може да помогнат при подобрување на меморијата

Консумирањето на боровинки ја зголемува количината на витамин С во организмот за цели 25%, а содржат влакна и магнезиум. Исто така тие имаат високо ниво на антиоксиданси кои може да го намалат ризикот од срцеви болести, канцер, па дури и Алцхајмерова болест.



Еден тим на научници од универзитетот во Флорида, предводен од д-р Роберт Крикоријан, открија дека токму антиоксидансите се мошне влијателни при подобрувањето на меморијата и когнитивната функција кај некои повозрасни. Но, не се само антиоксидансите заслужни за ова. Во претходните истражувања врз животни, се покажало дека антоцијаните (заслужни за бојата на боровинките) исто така се многу добри за мозокот.

Истражувачите направија две испитувања. Првото испитување вклучуваше 47 возрасни на околу 68 години, кои почнале да покажуваат знаци на Алцхајмерова болест. Најпрво вршеле тестирања и им ги скенирале мозоците, а потоа формирале две групи. Едната група консумирале плацебо пудра секој ден 16 недели, додека другата група консумирале замрзната пудра од боровници, која била еднаква со една лажица од овошјето. Кај оние учесници од групата која консумирала пудра од боровници, се покажало подобрување на меморијата, како и подобрување на зборовите и концептуалното размислување, додека скенирањата покажале дека мозокот имал зголемена активност.



Второто испитување вклучувало 94 луѓе, на возраст помеѓу 62 и 80 години, кои имале проблеми со памтењето. Истражувачите ги поделиле учесниците во четири групи. На едната група и дале пудра од боровници, на втората рибино масло, на третата рибино масло и пудра, а на четвртата плацебо. Оние кои земале или пудра од боровници или рибимо масло одделно, покажале одредени подобрувања на меморијата и активноста на мозокот, но не толку добри колку учесниците од првото испитување.

Истражувачите велат дека се потребни уште испитувања, но едно е сигурно: Боровинките навистина ја подобруваат меморијата, па затоа уживајте во нив.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби