Брчките покажуваат сè за вас: Лош знак е ако имате една на средина на челото

Ако сте премногу загрижени, под стрес или исхраната не ви е урамнотежена, сето тоа може да го видите на вашето лице. Погледнете што ви кажуваат вашите брчки:



Чело

Хоризонталните брчки упатуваат на преголема загриженост, а кај помладите може да укажуваат на претерана консумација на шеќер, млечни производи, растително или животинско масло и маснотии. Две вертикални линии меѓу веѓите покажуваат лутина или потисната лутина, која може да се изразува преку нетрпение, фрустрација или досада. Ако тие брчки се спуштаат подолу, кон коренот на носот, може да значат грижи и претерана концентрација.

Образи

Вертикалните линии на образите се знак на голем и континуиран стрес. назолабијалните брчки (оние од коренот на носот до врвовите на устата) се линиите на животната смисла или цел и покажуваат колку долго навистина живеете во реалниот живот. Ако се предлабоки, а немате ни 50 години, можеби е време за средување на животот и детоксикација на телото, со оглед на тоа дека овој дел е поврзан со дебелото црево.

Усни

Ситните вертикални линии над горната усна упатуваат на претерана загриженост – време е да почнете малку да вложувате во себе. Често се попратени и со кратки брчки на разочараност, кои од аглите на усната се спуштаат кон вилицата. Ситните вертикални линии кои се наоѓаат под долната усна означуваат незадоволство и огорченост од животот.

Брада

Вертикалните линии на брадите тешко се забележуваат кај помладите личности, а се поврзуваат со рационални или ирационални стравови. Често, кожата на тој дел има изглед на кора од портокал.

Очи

Брчките кои се појавуваат на аголот од окото и се качуваат нагоре, зборуваат за среќа и веселба, а оние кои се спуштаат кон јаболкниците или уште пониско, се знак дека сте се соочувале со повеќе тага отколку среќа.



Во секоја брчка е запишана судбината

Брчките на лицето сведочат за нашите години, но и јасно го откриваат нашиот карактер, судбина, здравје и тоа дали сме предодредени за успех. Ова се основите на физиогномика, наука која ги поврзува цртите на лицето со карактерот, кои први почнале темелно да ги проучуваат и користат старите Кинези. Погледнете што зборуваат најизразените брчки на лицето:

Знак на снаодливост

Две или три линии кои хоризонтално го сечат челото се смета за добар знак. Челото со две брчки често може да се видат кај успешните и снаодливи луѓе. Челото на кое има три линии укажува на голема смисла на уметност и одраз на литературен талент.

Знак на популарност

Три подолги неиспрекинати линии кои поминуваат низ челото, образувајќи голем лак, укажуваат на популарност. Таков човек ужива во длабоко почитување од својата околина и има широк круг на пријатели. Луѓето од овој вид може да стекнат огромна слава и живеат долго и среќно без посебни грижи.

Знак на тешка судбина

Длабока, вертикална линија на средината на челото не е воопшто добар знак. Меѓу кинеските физиогномисти добила назив „висечка игла“. Таа линија означува закана по личната сигурност или претставува предупредување за лоши односи меѓу сопружниците. Меѓутоа, некои луѓе имаат т.н. компензирачки црти, а тоа се класични идеални веѓи, очи и нос, кои на таквата личност му помагаат да ја одложи несреќата. „Висечката игла“ често се среќава кај луѓето на висока положба, кај членовите на влада, но и меѓу актерите што зборува за голем потенцијал.

Знак на успех

Помеѓу двете веѓи се наоѓаат две кратки паралелни линии кои укажуваат на успех во раководењето, индустријата и културата. Тој човек е истовремено и мислител и добар организатор на работата со која се занимава. Тој поседува сè што е потребно за блескава кариера.



Знак на амбициозност

Ако меѓу двете веѓи се наоѓаат три рамни линии, тоа е знак дека личноста може многу рано да се искачи на штицата на социјалниот успех до самиот врв. Но, ако трите вертикални линии се искривени, тоа укажува на предиспозиција за психичко нарушување и злочини.

Знак на среќа

Една хоризонтална линија која поминува на средината на челото е знак за убав и благороден живот. Тој човек ќе има успех на сите полиња, особено во младоста. Сепак, ако таа линија се наоѓа преблиску до веѓите, можни се непријатности по тинејџерскиот период.

Знак на слава

Невообичаените линии на челото во вид на ромб прикажуваат долг живот и голема слава. Таквите линии се карактеристични за писателите, уметниците и слични професии.

Знак на болести и негативности

Тенки, кратки и раштракани хоризонтални линии на челото зборуваат за личност со лошо здравје, за колебливост и безволен карактер. Дури и ако ја имаат посакуваната позиција, тие луѓе остануваат големи злопамтила.

Знак на лоша среќа во љубовта

Ако личноста има по три вертикални линии под секое око, тоа значи дека може да има несреќен брак, кој ќе заврши со развод.

Знак на раѓање син или ќерка

Ако трудницата има кратки црти околу горните и долните усни, голема е веројатноста дека ќе роди син. Ако ги нема, на свет ќе донесе ќерка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби