Намалете ги симптомите на алергија со неколку намирници

Птиците веќе почнаа да црцорат, дрвјата веќе расцветаа, а вашите џебови се полни со шамичиња. Се прашувате како да уживате во пролетта кога секоја година во исто време мака мачете со алергиите. Ќе ви откриеме како одредени намирници може да ви ја олеснат моменталната состојба.



Јогурт

Пробиотиците нема да се погрижат само за добра работа на цревата, тие исто така може да ги уништат алергиските реакции. Резултатите од една студија покажуваат дека алергичните луѓе кои почнале да пијат јогурт имале многу помало ниво на антитела кои ги активираат симптомите на алергиите.

Јаболка

Јаболката се полни со кверцетин, кој е единствен биофлавоноид, познат по своите против воспалителни и антиоксидансни својства поради што има силно влијание на здравјето. Антиоксидансното својство на кверцетинот е негова најдобра опишана карактеристика. Делувањето на кверцетинот се повеќе се истражува во контекст на превенција и како додатна терапија во лечење алергии.

Јагоди



Витаминот С од овие вкусни овошки не само што ќе го зајакне имунолошкиот систем, туку и ќе го запре хистаминот, кој го предизвикува лачењето течности во горните дишни патишта, поради што грлото е надразнето, носот ви тече и стално кашлате. Една студија покажала дека со внесувањето на витамин С во организмот се намалува делувањето на хистаминот за 38%.

Куркума

Овој индиски зачин е познат со векови по своето против воспалително делување, а истражувачите сфатиле дека куркуминот – активна супстанца во куркумата, може да го блокира опуштањето на хистаминот за да се спречат алергиските реакции.

Семки од тиква

Полни се со магнезиум – минерал кој ги опушта мускулите и ги отвора дишните патишта за полесно да дишете. Истражувањата покажале дека недостатокот од магнезиум го зголемува нивото на хистамин во организмот. Магнезиумот може да го пронајдете и во брокулата, зелениот зеленчук и темната чоколада.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби