Најчесто поставувани прашања за дијабетесот

Дијабетес или diabetes mellitus е хронично системско пореметување на метаболизмот, кое се карактеризира со хипергликемија, т.е. трајно зголемување на нивото на глукоза во крвта.



Самото пореметување со себе носи и потенцијални опасности за компликации ако не се третира нивото на глукоза во крвта, но ако соодветно се третира, личноста која боледува од дијабетес може да живее нормален и продуктивен живот.

Сепак, кои се најчесто поставуваните прашања поврзани со дијабетесот?

Дали храната наменета за дијабетичари е навистина многу поскапа?

Да, тоа е точно дека производите наменети за дијабетичари (најчесто без шеќер) се поскапи, но не премногу. Здравиот начин на јадење е секако поскап за секоја личност која го практикува, но купувањето на сезонски овојшја и зеленчуци, салати и елиминирањето на процесирани производи и брзата, храна богата со многу шеќери и сол ќе биде благодетно за вашето здравје и вашиот паричник.



Дали луѓето со дијабетес треба да ги елиминираат целосно јагленхидратите од исхраната?

-Не, не е точно. Постојат здрави видови на јагленхидрати и не треба да ги елиминираат целосно од исхраната. Количината на внесување секако ќе влијае на промената на глукозата во крвта, но во мали количини се сосема прифатливи.

Дали луѓето со дијабетес треба да го ограничат внесувањето на свежо овојше во исхраната?

Да, премногу овошје ќе ги зголеми нивоата на глукоза во крвта. Затоа контрола на порциите, па дури и тие за овошјето е неоходна ако сакате да го контролирате дијабетесот.



Дали ако еден од родителите боледува од дијабетес, постои закана и детето да го има ова пореметување (без разлика дали е од тип 1 или 2)?

-Да генетските предизпозиции секако влијаат на шансите и вие да боледувате од дијабетес, ако од истото заболедување боледувал и некој од родителите, но секако тоа не значи дека шансите се 100%. Со водењето на здрав живот без пороци ќе ги намалите шансите и вие да заболите од дијабетес.



Дали физичката активност е нешто што дијабетичарите треба да го избегнуваат?

-Напротив. Лекарите советуваат физичка активност од секаков вид за дијабетичарите. Вежбањето предизвикува да се намали нивото на глукоза во крвта, но и помага за генералната добросостојба на личноста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби