9 симптоми кои мажите не смеат да ги игнорираат

Мажите често ја избегнуваат посетата на лекарот дури и кога знаат дека треба да одат. Една од причините поради кои го прават тоа е затоа што се плашат од непријатните прегледи.

Дваесет и пет проценти од мажите велат дека се презафатени, односно немаат време за одење на лекар, додека 22 проценти ги избегнуваат лекарите од страв да не им откријат нешто, покажува едно американско истражување.

И додека жените кои имаат здравствени проблем се подготвени да зборуваат за нив, мажите зборуваат само ако мораат.

Симптоми кои мажите не смеат да ги занемарат

Еректилна дисфункција - понекогаш може да биде ран знак на предупредување за болести на срцето

Зголемување на градите - проблемот може да биде во прекумерната тежина, но и во нерамномерната рамнотежа помеѓу тестостеронот и естрогенот.

Привремено губење на осетот за мирис или промена во либидото - оваа комбинација на симптоми укажува на неправилна работа на тестисите

Чворчиња во тестисите - повеќето се бенигни, но во некои ситуации може да бидат знак и за рак на тестисите

Крв во урината - можен знак на рак на мочниот меур

Преголема консумација на алкохол - можна депресија

Често мокрење во текот на ноќта - зголемена простата

Болки во палецот на ногата - може да биде знак на гихт, а симптомите се јавуваат по 30-та година

Чвор во близина на брадавиците - ракот на градите не е исклучиво женска болест. Може да се јави и кај мажите околу 60-тата година од животот.

За да не се најдете во непријатна здравствена ситуација, лекарите препорачуваат соодветно на годините да ги спроведете следните медицински испитувања:

40 години

  • Целосен интернистички преглед и рутинска лабораториска дијагностика во договор со лекар од општа пракса
  • Контрола на видот на секои 2 години
  • Преглед на простатата и тест на PSA барем еднаш после 45-та година
  • Специјалистички преглед во зависност од семејната анамнеза

50 години

  • Целосен интернистички преглед и рутинска лабораториска дијагностика
  • Дигиторектален преглед и тест на крвавење во столицата
  • Преглед на простата, дополнително UZV и тест на PSA
  • Редовен стоматолошки преглед
  • Детален годишен преглед во зависност од симптомите што ги покажува пациентот

60 - 70 години

  • Целосен преглед и рутинска лабораториска дијагностика за следења на хроничните болести
  • Еднаш годишно контрола на видот
  • Еднаш годишно контрола на забите
  • Испитување на слухот
  • Дигиторектален преглед и тест
  • Преглед на простата



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби