Најважните хранливи состојки во бременоста за развој на бебето

Нема магична формула за исхрана за време на бременоста. Сепак, правилата за здрава храна која треба да ја практикуваат трудниците остануваат исти: Многу овошје и зеленчук, житарки, немасни протеини и здрави масти. Но, неколку хранливи состојки заслужуваат посебно внимание.

Немасно месо за стабилизација на шеќерот, анемија и развој на мозокот



Аминокиселините во протеините допираат во секоја клетка од вашето и телото и вашиот плод. Храната богата со протеини исто така го држи гладот „под контрола“, бидејќи го стабилизира шеќерот во крвта. Немасното месо е одличен избор, бидејќи е богато со железо, кое му помага на бебето да ги снабдува црвените крвни клетки, но исто така е добро и за вас. Количината на крвта за време на бременоста може да се зголеми дури и за 50%. Вметнете малку говедско, свинско или јагнешко месо и консумирајте ги со салати, ориз или тестенини.

Леќа и спанаќ – важен извор на фолна киселина



Еден од најважните витамини во бременоста е фолатот или фолната киселина, која има силно заштитно влијание против оштетување на невралната туба. Леќата е полна со витамин В, протеини и железо. Лесно ги впива разните вкусови од другите намирници и зачини. Јадете ја како прилог или ставете ја во салати, супи или варива. Ако не сте љубител на леќата, заменете ја со спанаќ, кој исто така е полн со фолати, железо, витамин А и калциум.

Јогурт бидејќи е полн со калциум, добар е за желудочни тегоби и габични инфекции



На вашето бебе му е потребен калциум за развој на коските, а исто така и вашите коски треба да ги одржувате силни. Јогуртот е одличен извор за калциум. Добрите бактерии во јогуртот може да ги спречат желудочните тегоби, но и габичните инфекции, кои се сè почести за време на бременоста. Измешајте го јогуртот со овошје, заменете го мајонезот во сендвичите, ставете го во салата или едноставно пијте го секојдневно.

Лосос против пренатална депресија и развој на очите и мозокот



Дивиот лосос, сардината и харингите богати се со омега 3-масни киселини, најважниот тип на DHA. Овој тип придонесува за нормален развој на очите и мозокот на фетусот. Поволно влијае врз трудниците и доилките.

Моркови и црвена пиперка за кожата, коските и органите



Морковите и црвените пиперки се одличен извор на бета-каротен. Исто така добар избор се на витамини В6 и С, плус имаат доволно влакна за нормално варење на храната. Морковите може да ги употребувате речиси во секое јадење, додека пак црвената пиперка може да ја консумирате со салса, сендвичи или во некои манџи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби