Совладајте ја мачнината за време на патувањето

Кинетозата – болест за време на патување, создава непријатни мачнини и на многумина им го расипува патувањето. За среќа, не се работи за долготрајна болест, ниту пак остава трајни последици. Се јавува при голем број на надразнувања во кој организмот е изложен за време на возење со автомобил, автобус, воз, авион..

Постојат разни симптоми како што се вртоглавица, слабост, ладна пот, бледило, главоболка, мачнина и повраќање. Се работи за честа болест, од која многумина патат. Со цел да не ви се расипе следното патување, потрудете се да практикувате некои од овие совети:

  • Гледајте далеку пред себе, во некоја најоддалечена точка во хоризонтот. Возрасните треба да се возат на предните седишта.
  • Немојте да читате или да играте видео игри за време на возењето. Исто така не треба да гледате ни филмови.
  • Неопходно е возењето да биде што покомотно, без нагли кочења. Правете паузи, кои се идеални на секои два до три часа од околу 15 минути.
  • Не тргнувајте на пат со празен стомак, консумирајте суви бисквити или банана.
  • Избегнувајте масна храна и газирани сокови пред патувањето.
  • Немојте да пушите во автомобилот. Внатрешноста на автомобилот треба да биде проветрена, а избегнувајте и освежувачи на воздухот со јаки мириси.
  • Во возилото мора да има свеж воздух. На детето ќе му биде многу подобро ако прозорецот е отворен, а треба да избегнувате и мирис на храна. Квалитетната клима исто така помага, но ни ладењето не треба да биде прејако.
  • Немојте претерано да се налевате со вода. Ова е важно и за децата. Нека пијат една чаша вода, но по малку.
  • Во аптека може да најдете лекови кои помагаат да се ублажи проблемот со мачнината.
  • Некои природни лекови исто така може да помогнат. Еден од нив е чај од ѓумбир, кој треба да го испиете два часа пред патувањето. Постојат и други чајни мешавини кои може да го смират желудникот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби