Што треба да знаете за депресијата?

Светот овој месец одбележа тажен помен, две години од смртта на комичарот и актер Робин Вилијамс.

Вилијамс си го одзеде животот по дијагностицирањето на Леви боди деменција. Актерот во текот на целата кариера јавно зборуваше за неговата борба со пороците и депресијата.



Што треба да знаете за депресијата? Ова се само основните 5 нешта за неа.

1. Може генетски да се пренесе на следната генерација

Научните истражувања кои ги направи компанијата 23andMe покажаа дека ДНК-та носи во себе 15 различни гени кои би можеле да ја пренесат депресијата од едно поколение на друго.



2. Повеќе е присутна отколку што мислите

На глобално ниво околу 350 милиони луѓе се лекуваат од депресија, и таа се смета за една од водечките причини за самоубиство во модерното општество.

3. Депресијата влијае на секој аспект на животот

Освен во приватниот живот, лицето кое страда од депресија се соочува со неа и во професионалниот живот. Според истражувањето кое го направи Универзитетот од Мичиген, загубата кај бизнисите кои имаат вработени со депресија изнесува 40 милиони долари на годишно ниво.



4. Депресијата не прави дискриминација

Секој, буквално секој може да страда од депресија. Без разлика на расата, полот, возраста и социјалната положба. Славните личности како Андре Агаси, Робин Вилијамс и Џанлуиџи Буфон јавно проговорија за нивната борба со депресијата  покрај приватниот и професионалниот успех.

5. Се’уште постои стигма околу депресијата

Во голем дел од општеството и различни култури постои мислење дека депресијата е последица на „слабиот“ карактер кој го има лицето кое боледува од неа. Во одредени култури постои и доза на срам околу депресијата која го спречува лицето кое ја има депресијата да не побара професионална помош.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби