НЕ ГИ ИГНОРИРАЈТЕ

Несакани ефекти од вежбањето и како да се спречат

Често пати при вежбањето можат да се јават некои несакани ефекти кои доколку ги забележиме, решаваме да ги игнорираме и да продолжиме со вежбањето, што на крај е контрапродуктивно бидејќи не само што ќе се чувствуваме лошо, туку и тренингот нема да биде целосно ефективен – да не зборуваме за можните компликации доколку одредени симптоми се игнорираат. Еве што вашето тело се обидува да ви каже во одредени ситуации:

1) Треперење на мускулите

Ова вообичаено е предизвикано од замор кога правите вежби со тежина поголема од вообичаената, но некогаш како разлог за треперењето може да е ниското ниво на шеќер во крвта, што може да доведе и до несвестица.

За да го избегнете ризикот од „паѓање на шеќерот“, пред секој тренинг задолжително јадете, а доколку тресењето не престанува и по неколку часа, посетете доктор.

2) Вртоглавица

Вртоглавицата исто така може да е предизвикана од неколку фактори – лошата положба на главата, кога таа е премногу наведната наназачки, но и поради дехидрација - што може да доведе до хиповолемија, намалување на количината на крвната плазма.

Доколку почувствувате вртоглавица, веднаш престанете да вежбате и напијте се вода. Доколку и по тоа или по пократок одмор симптомите не престанат, тоа може да значи дека имате аритмија на срцето или друг срцев проблем кој треба да се испита.

3) Гадење

Неправилниот избор на храна пред тренингот може да доведе до гадење – особено доколку таа била тешка и мрсна. Тоа исто така може да е и резултат на вежбање со преголем интензитет, но и на земање на витамини на празен стомак.

За да го спречите гадењето, ако земате витамини пијте ги со храна, избегнувајте цврста храна најмалку три часа пред тренингот, или јадете храна која полесно се вари до еден час пред да вежбате, како што се шејкови кои вклучуваат јаглени хидрати и протеини.

4) Печење во градите

Ова непријатно чувство се јавува кога сме испиле преголема количина на течности пред или за време на тренингот, или пак сме јаделе кратко време пред него. За да се избегне, за време на вежбањето пијте вода со мали голтки, и јадете најмалку час до два пред да тренирате. Доколку печењето е пропратено со отежнато дишење и болка во градите, обратете се на вашиот доктор бидејќи тоа може да е симптом на срцев удар.

5) Странична болка

Овој тип на болка вообичаено се јавува кај тркачите, и се манифестира како остра болка во страните и е вообичаена кај оние кои трчаат со неправилна поставеност на телото (на пример, подгрбавени), што предизвикува нагмечување на одредени нерви во абдоменот.

За да се избегне, држете го телото во правилна положба додека трчате, и дишете ритмички – т.е координирајте го дишењето со чекорите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби