РАСОНЕТЕ СЕ И НАПОЛНЕТЕ СЕ СО ЕНЕРГИЈА

Утрински навики кои треба да почнете да ги практикувате

Многумина од нас наутро брзаат да стигнат на време на работа, па не трошат ни пет минути на некои утрински навики кои ќе им го направат денот полесен и побрзо ќе ги расонат. Мора да си ја сменете таа навика и да почнете да правите одредени практики, кои ќе ви го разубават не само денот, туку и утрото.

Масирајте си ги ушите



Масажата на ушите ќе ви помогне целосно да се расоните. Ова може да го правите веднаш штом ги отворите очите и додека уште сте во кревет. Исто така, оваа масажа ќе ви даде и дополнителна енергија.

Пијте чаша со топла вода и лимон



Постојат многу причини зошто токму топлата вода со лимон треба да ви биде првото нешто што ќе го вкусите, наместо кафето. Како прво, ја подобрува работата на дигестивниот систем, бубрезите и цревата, а потоа ги исфрла сите отрови во телото и го зајакнува имунитетот. Не мора да правите сок од цел лимон, доволно е само 1/3. Ако одлучете ова да го правите, практикувајте да пиете топла вода со лимон 20-30 минути пред појадокот.

Исчистете си го јазикот



Сите си ги миеме забите два пати дневно, но тоа не значи дека сте завршиле со целата хигена на усната шуплина. Голем број на бактерии се собираат и на вашиот јазик, а токму поради тоа и може да имате лош здив, забен камен или проблеми со непцето. За да го исчистите јазикот, потребна ви е обична четка за заби, само внимавајте да не бидете многу груби, за да не ја ошетете површината на јазикот.

Консумирајте лажица мед



Медот ќе ви ја овозможи потребната енергија, ќе ја стимулира меморијата и продуктивноста, ќе ви го излекува болното грло и кашлицата, а и ќе ги намали симптомите на алергија. Токму поради овие бенефици, треба да консумирате лажица мед секое утро 10-15 минути пред појадокот. Ако ви е премногу благ, размешајте го во вода, ефектот ќе биде ист.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби