Алкохолот што го пиеме го зголемува ризикот од рак

Ако сте љубители на белото вино, тогаш оваа вест воопшто нема да ви се допадне. Истражувањето кое го направиле научници од американскиот универзитет Braun, покажува дека консумирањето на само една мала чаша бело вино дневно, може да го зголеми ризикот од развој на меланом за 13%!



Меланомот е вид на малиген тумор, а започнува со канцерогени клетки кои ја бојат кожата. Човечката кожа веќе има бенки, кои може многу лесно да го развијат овој меланом, кој е многу помалку застапен од останатите видови рак на кожата, но е смртоносен.

Уште од порано е познато дека појавата на рак на кожа се поврзува со претерано изложување на ултравиолетови зраци, но резултатите од ова американско истражување ги изненадиле и научниците.



- Се изненадивме кога сфатиме дека белото вино е единствениот пијалак, кој се поврзува со зголемен ризик од меланом. Причината досега се уште не е позната, но истражувањата покажаа дека некои видови на бели вина имаат поголемо ниво на ацеталдехид од црното вино, пивото или ликерите. Иако и црното и белото вино содржат слична количина на ацеталдехид, полифенолите, односно антиоксидансите кои се наоѓаат во црното вино, изгледа ја неутрализираат опасноста, стои во објаснувањето.

За време на истражувањето, научниците ги анализирале податоците од три големи студии во кои учествувале 210.252 возрасни личности. Од испитаниците се барало да пополнат прашалник за својата исхрана, количината и видот на алкохол кој го консумираат. Добиле резултати дека стандардниот пијалак содржи 12.8 гр алкохол, а учесниците во истражувањето се следени во рок од 18 години. Единицата на алкохол се дефинира како 8 гр чист алкохол.



Тимот дошол и до уште еден невообичаен заклучок. Имено, меланомите кои се развивале на деловите на телото кои се помалку изложени на ултравиолетови зраци, почесто се поврзуваат со консумирање на бело вино. Така на пример, една возрасна личност кој дневно во организмот внела најмалку 20гр алкохол, била за 73% во поголема опасност од развој на меланом на стомакот, а опасноста од појава на меланом на главата, екстремитетите и на вратот изнесувала само 2%.

Умереното консумирање на алкохол, досега се поврзувало со опасностите од развој на некои други болести, како што се срцевите заболувања.

- Ризиците и добрите страни на консумирање алкохол, треба да се разгледаат индивидуално. Потребно е да се извршат додатни истражувања за целосно да се разјасни поврзаноста со развој на меланом и консумирање бело вино, но меланомот во секој случај треба да се внесе во списокот на карциноми поврзани со алкохол.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби