Физички знаци дека сте под преголем стрес

Стресот е неизбежен во денешно време – доволно е само да гледате вести на ТВ или да го проверите мејлот и сигурно ќе се сретнете со нешто стресно. Премногу стрес може да се рефлектира на вашето тело во форма на разни физички симптоми.

1) Исфрлање на кожата

Во стресните периоди, не е невообичаено да се разбудите со повеќе акни на лицето отколку вообичаено. Ова се должи на стрес хормонот кортизол, бидејќи ги затвора порите на кожата. Исфрлањето на кожата може да се должи и на други работи – исхраната, ПМС, времето надвор и сл. Стресот е еден од најчестите секојдневни причинители за овие реакции на кожата.

2) Црвенило на лицето

Доколку на работното место (или дома) се препотувате, иако не е воопшто претопло и не сте се движеле со часови, а образите ви се вцрвенети, тоа може да значи дека овие симптоми се предизвикани од стрес. Зголемениот крвен притисок, дишењето и потењето го зацрвенуваат лицето бидејќи телото не функционира на ниво на хомеостаза (состојба на одржување на внатрешна рамнотежа на организмот), кога е способно самото да се лади.

3) Опаѓање на косата

При постресни ситуации, вообичаено е косата да опаѓа и да се истенчува. За среќа, тоа престанува откога ќе се справите со стресот и ќе се вратите во нормала.

4) Нивото на шеќер во крвта се спушта

При високи нивоа на стрес, нивото на шеќерот во крвта се спушта што предизвикува слабост, тресење, и потреба од храна. Ова лошо чувство обично е резултат од зголемени нивоа на кортизол доцна навечер или рано наутро, што е поврзано со јаките емоционални реакции во тоа време.

5) Чести настинки

Стресот го ослабува телото се додека неговиот одбранбен механизам не е компромитиран. Оваа состојба остава „отворени врати“ за бактериите и вирусите да навлезат во него, што е причина за тоа дека оние кои се под стрес се повеќе подложни на настинки и други заболувања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби