Храна и пијалаци кои влијаат лошо врз вирусите и грипот

Сите знаеме дека кога сме болни, еден топол чај или пилешка супа може многу да ни помогне. Сепак, постојат и намирници кои не се сојузници во борбата против вирусите и грипот и додатно ги зајакнуваат симптомите. Кои се тие?

Купечки овошни сокови



Домашно исцедениот сок е полн со витамини и минерали кои му се потребни на телото, но тоа не е случај и со купечките овошни сокови. Имено, таквите напитоци во себе содржат голема количина на шеќери, кои се врзуваат за крвните клетки и ги „крадат“ витамините од телото и со самото тоа го ослабуваат имунитетот.

Пржена храна



Пржената храна не е здрава за јадење ни кога сме здрави, а замислете колку е штетна за телото кога истото е нападнато од вирус. Преполна е со заситени масни киселини кои се тешко варливи и може значајно да го нарушат системот за варење кој и онака кога сме болни не работи добро.

Кафе



Кога сме болни треба да го зголемиме внесувањето на течности. Сепак, кафето, односно кофеинот, може да предизвика дехидратација на веќе ослабениот организам.

Кисели намирници



Киселите намирници може да ја иритираат оштетената слузница што може додатно да ги зголеми симптомите на болеста. Потрудете се да ги избегнувате киселите овошја како што е цитрусот, портокалите и киселиот домат. Цитрусните овошја подобро е да ги консумирате со топла вода и мед.

Алкохол



Исто како кафето, алкохолот го дехидрира телото, а и мешањето на некои лекови со алкохол, значително го намалува нивното дејство. Иако истражувањата потврдиле дека една чаша вино го зајакнува имунитетот, кога сте болни, таа навика треба да ја исфрлите и да ја замените со чаша природен сок или чај.

Млечни производи



Иако млечните производи содржат протеини и витамин D, кој помагаат за зајакнување на организмот, исто така го зголемуваат излачувањето на природниот слуз во организмот што може значително да ја влоши кашлицата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби