|
|
|
НАУЧНО ДОКАЖАНОМарихуаната влијае врз појавата на шизофренија и психоза?Едно големо американско истражување на Националната академија за науки, инженерство и медицина, по прв пат откри врз што сè марихуаната докажано влијае, а многу од тие ефекти се негативни.

Марихуаната докажано ја ублажува вртоглавицата предизвикана од хемотерапија, а ја ублажува и хроничната болка и им помага на луѓето да заспијат. Во одреден процент имала влијание кај лечењето на грчеви при мултиплекс склероза и кај лекување на мускулна вкочанетост.
Сепак, нема доволно истражувања и докази кои би потврдиле дека ја лечи епилепсијата. Исто така нема докази и дека канабисот го лекува ракот, синдромот на нервозно дебело црево, одредени симптоми на Паркинсова болест ниту пак дека им помага на луѓето да го решат проблемот со зависноста.
Стручњаците од Националната академија ги повикуваат луѓето многу подобро да се информираат за марихуаната и канабисот, пред да посегнат по нив, бидејќи може да претставуваат ризик за јавното здравје ако се користат неодговорно.

Нивните главни заклучоци се:
- Постојат силни докази дека марихуаната го зголемува ризикот од развој на шизофренија и други видови на психоза, а тоа најмногу се забележува кај оние кои редовно ја користат марихуаната.
- Докажано го зголемува ризикот од сообраќајни несреќи, но нема јасни индикации кои ја поврзуваат марихуаната со несреќи или повреди на работа.
- Постојат јасни докази дека марихуаната е поврзана со тешки респираторни симптоми и чести епизоди на хроничен бронхитис.
- Се поврзува со зависноста од други супстанци како што се алкохолот, цигарите или други наркотици.
- Постои мал ризик од развој на депресивни нарушувања.
- Многу малку докази покажуваат дека марихуаната влијае на школскиот резултат или дека ја зголемува стапката на невработеност.
- Кај бремените жени, пушењето марихуана е поврзано со помала тежина на плодот при пораѓање, но слаби се доказите поврзани со компликации во бременоста.
- Нема никаква поврзаност на марихуаната и рак на белите дробови, а и нема докази дека е поврзана со развој на рак на простатата, грлото на матката или јајниците.
- Постојат многу слаби докази дека марихуаната може да биде клучна за инфаркт, особено кај луѓе со висок ризик од срцеви болести.
|
|
|
|
 |
|
 |
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
 |
Виц на денот |
|
Се шетале две зрна песок низ пустина и едното му рекло на другото: - Не се врти, мислам дека некој не следи.
|
|
|
 |
Состојба на патиштата |
|
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На... |
|
|
 |
Верски календар |
|
|
|
 |
На денешен ден |
|
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
|
|
|
 |
Хороскоп |
|
|
 |
|