ЈАВОРОВ СИРУП, МЕД, ШЕЌЕР ОД УРМИ

4 природни засладувачи како алтернатива за шеќерот

1) Јаворов сируп



Овој сируп сè уште се произведува на истиот начин како што тоа се прави со декади: со варење на сокот од јаворовото дрво. Иако содржи витамини, минерали, и антиоксиданси, нивната количина не е многу голема – на пример, една голема лажица содржи само 1% од дневната потреба за калциум, калиум, и железо. Но затоа пак изобилува со магнезиум – минерал кој помага при производството на колаген и го подобрува здравјето на кожата и коските – и тоа со 25% од дневната потреба.

2) Мед



Медот, т.е таканаречениот „нектар на боговите“, со векови се користел за лечење на рани и инфекции. Овој природен засладувач содржи мала количина на антиоксиданси и антибактериски, антивирусни и анти-воспалителни соединенија.

Една од многуте студии поврзани со медот покажува дека атлетичарите кои внесувале мед наместо останати извори на карбохидрати имале постабилни нивоа на инсулин во крвта, за подолг временски период.

Доколку сте навикнати на ставање шеќер, на пример, во чаевите, и сакате да го замените со медот, имајте в предвид дека една мала лажичка мед засладува исто колку и голема лажица шеќер.

3) Шеќер од урми



Како што е познато, урмите се неверојатно слатки и лепливи, што е причината што често се користат како главна состојка во енергетските барови. Целите урми се добар извор на калиум, манган, магнезиум, бакар, калциум, железо, витамин Б, витамин К, и антиоксиданси, а една малечка лажица од шеќер од урми (кој се добива со нивно сушење и мелење) содржи 15 калории и 3 грама шеќер. Шеќерот од урми не се раствора така добро како и обичниот, па така не е најдобар избор за ставање во смутија или кафе.

4) Шеќер од кокос



Овој вид на шеќер се прави од сокот екстрахиран од пупките на кокосовите дрвја. Содржи мали количини на хранливи материи како тиамин, железо, бакар, цинк, калиум, фосфор, магнезиум, калциум и антиоксиданси. Овој засладувач содржи и инулин, природен карбохидрат кој не се вари и служи како пробиотик, т.е храна за корисните цревни бактерии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби