ДОАЃАЊЕ НА ПРОЛЕТТА

4 начини како да се прилагодите на брзите промени на времето

По „зимскиот сон“ сите едвај чекаме да се покачат температурите и да се појави сонцето. Но, скоковите на температурите како што ги искусуваме моментално, влијаат на здравјето на човекот, па постојано чувствуваме проблеми. Некои од нас патат од главоболки, низок притисок, тахикардија и слично. Како да си помогнеме во овие услови?



Следете ја временската прогноза

Како што секое утро пред да излезете од дома одлучувате што да облечете, така проверувајте ја и прогнозата за истиот ден. Сигурно имате барем 5 минути за тоа. Може утрото да грее сонце, но потоа да врне дожд и да има значително намалување на температурите.

Ако сте една од оние чувствителни на промени кај времето, при првите симптоми на главоболка земете Paracetamol.

Излезете во природа и активирајте се



Кој било облик на физичка активност да го практикувате, ќе го направите организмот стабилен и отпорен на временските промени. Уште подобро, ако физичката активност се одвива во природа и на чист воздух.

Сеедно дали сте се одлучиле за брзо одење или ако сте дел од активниот групен тренинг, активностите во природа ќе ви помогнат да го намалите стресот и подобро да се чувствувате, а со тоа може да ви се намалат шансите за појава на главоболка.

Консумирајте разнолика прехрана полна со витамини

Здравата и правилна прехрана богата со овошје и зеленчук е добар лек за ублажување на негативните последици од времето. Со разновидната прехрана важно е редовно да внесувате и вода, по можност 2-3 литри, во зависност од полот и активностите.

Заменете го кафето со чај од билки



За полесно да се прилагодите на промената во времето може да се опуштите со консумирање на различни билни напитоци. Изберете чај од камилица, нане или лимета, кои помагаат при опуштање на нервите. Освен што ќе уживате во разните мириси на природните чаеви, истите ќе ви помогнат да ги пребродите промените во времето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби