Токофобија: Како да го победите стравот од породување?

Токофобијата или неконтролираниот, често и парализирачки страв од породување, но и бременост, е чувство кое го доживуваат некои жени. Овој страв најчесто се јавува пред самото пораѓање, иако жената уживала во текот на целата бременост.



Стравот од породување и бременост често се интензивира во време кога жената се повеќе размислува за зачнување. Имено, речиси 7% од жените се борат со овој вид на патолошки страв. Може да се јави во различни периоди: пред бременоста, за време на бременоста, па дури и по бременоста. Токофобијата се дели на примарна и секундарна.

Примарната токофобија обично започнува во адолесцентниот период и се развива по слушање на некои трауматични приказни за пораѓај или по гледање на снимки. Секундарната токофобија се развива по породувањето, кое за жената било мошне драматично и трауматско искуство. Токму оваа фобија може да биде и еден од симптомите за депресија. Стравот обично е поврзан со страв од болка, но може да има и некои други асоцијации кои низ психотерапијата би требало да се истражат.



Симптоми кои може да се јават се:

  • зголемена анксиозност и депресија за време на бременоста
  • претходни прекинувања на здрави бремености
  • чувство дека породувањето ќе резултира со смрт, абортус или деформитет кај детето
  • силна желба за деца иако жената не сака да остане трудна

За време на оваа психичка состојба се јавува одбивност од секс, губење на сексуалниот интерес, конфликти во врските, а на крај и со завршување на врската помеѓу партнерите. Токму овие жени се соочуваат со осудување од околината и разни коментари. Во општеството владее општо мислење дека сите жени би требало со радост да гледаат на искуството од породување, бидејќи тоа е природна работа. Поради тоа може да дојде до вина, срам, неадекватност или бес, што воопшто не помага во целата ситуација. Затоа на жената во тие моменти и е потребна поддршка, внимание и доволно добра едукација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби