ПРЕВЕНЦИЈА ОД РАЗНИ ВИДОВИ БОЛЕСТИ

Здравствени придобивки од вежбањето

1) Намалување на ризикот од настинка

Конзистентна рутина со среден интензитет докажано ги спречува настинките. На пример, 40 минутно пешачење 4 пати неделно може да ги намали шансите за настинка за 25 до 50%, или пак да го намали времетраењето на истата.

2) Подобрување на симптомите на депресија без лекови

Студија врз мажи и жени дијагностицирани со депресија кои биле поделени во три групи (една правела програма од аеробни вежби, втората земала антидепресиви, а третата и двете) покажала дека по 4 месеци сите партиципанти имале подеднакво подобрување на нивната состојба, што сугерира дека вежбањето може да е прифатлива замена за антидепресивите. Понатамошна студија врз истите луѓе покажала дека оние кои продолжиле редовно да вежбаат, без разлика на тоа кој третман бил употребен врз нив, имале помали шанси да се навратат кон депресивните епизоди.

3) Намалување на крвниот притисок

Дури и ако имате хипертензија или прехипертензија, вежбањето може да го намали вашиот крвен притисок на побезбедни нивоа преку промена на цврстината на крвните садови, за да крвта може по слободно да циркулира.

4) Превенција од разни видови канцер

Редовното вежбање го намалува ризикот од рак на цревата за 25% - сè што треба е барем прошетка од половина час, 4 пати неделно. Исто така го намалува и ризикот од цревни полипи, рак на дојка, рак на матка и др.

5) Го олеснува запекот

Физичката активност го забрзува протокот на храна низ дигестивниот систем, а кај некои луѓе го олеснува запекот и до 40%.

6) Помага во контрола на дијабетесот

Покрај правилната исхрана, физичката активност е докажан начин за намалување на шеќерот во крвта. Вежбањето ја зголемува чувствителноста на инсулин, за да клетките подобро го користат инсулинот кој што е на располагање за да ја впијат гликозата.

7) Подобрување на сексуалниот живот

Вежбањето предизвикува лачење на ендорфини, кои го подобруваат расположението и го стимулираат лачењето на секс хормоните. Тренинзите исто така го зголемуваат протокот на крв до гениталиите, што го прави сексот повеќе пријатен и за мажите и за жените. Една студија покажала дека мажите кои вежбаат редовно најмалку 20-30 минути дневно, имаат значително помали шанси за еректилна дисфункција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби