Брокула – тајно оружје против дијабетесот

Според нова студија, брокулата содржи состојка која може да им помогне на оние со тип 2 дијабетес подобро да го контролираат нивото на шеќер во крвта, потенцијално овозможувајќи нов третман за оваа болест.

При експерименти врз глувци со дијабетес, било докажано дека хемикалијата наречена сулфорафан им го намалувала нивото на гликоза, а од тестирања врз 97 човечки доброволци во траење од 12 недели, било утврдено дека тоа намалување било за некои 10%, што е доволно за редуцирање на компликациите кои можат да се случат во очите, бубрезите или крвта.

Дозата сулфорафан била еквивалентна на внес на 5 килограми брокула дневно, а истражувачите се надеваат дека наскоро таа ќе може да биде адаптирана во прашок кој би се додавал во храната или пијалаците.

Важно е да се напомене дека скоро сите (освен тројца) учесници во студијата продолжиле да земаат метформин, лек кој веќе се користи за регулирање на шеќерот кај дијабетичарите.

Истражувачите сметаат дека сулфорафанот евентуално би можел да го замени метформинот кај некои пациенти, бидејќи дел од нив не смеат да го земаат поради ризикот од оштетување на бубрезите.

Двете хемикалии имаат различен пристап со кој што се „справуваат“ со болеста – сулфорафанот ги потиснува ензимите во црниот дроб кои го стимулираат производството на гликоза, додека метформинот ги прави клетките почувствителни на инсулинот, исфрлувајќи ја гликозата од крвотокот.

Како и за секој друг лек, потребни се поголеми и подетални студии пред тој да биде одобрен за секојдневно користење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби