Правила за користење на клима уред кои никако не смеете да ги прекршите

Целта на клима уредите е да ни го олеснат животот преку лето, но и преку зима и да имаме полесен живот поради температурите со кои се соочуваме. Сепак, колку е добра, толку е и лоша, бидејќи промената од топол на ладен воздух може да има страшни последици за вашето здравје.

Кои правила мора да ги почитувате при користење на клима уредот?



Разликата помеѓу надворешната и внатрешната температура не смее да биде многу голема, односно не поголема од 7 до 10 степени. Во спротивно, организмот не може во кратко време да се прилагоди на промените на температурите и можно е да дојде до „шок“ на организмот.

Долготрајното изложување на ладно влијае на работата врз метаболизмот. Циркулацијата е намалена, па и сите други активности во мускулите, крвните садови и нервите се одвиваат забавено.

Најздрав начин да се поминува време во некоја просторија е прво да се разлади, па потоа да се исклучи клима уредот. При излегување на надворешна температура, прво треба да му дозволите на организмот да се привикне, со тоа што ќе ја исклучите неколку минути климата.

Особено внимание треба да обрнете на најмалите, бидејќи времето поминато во климатизирани простории многу лесно може да доведе во воспаление на ушите.



Одржувањето и чистењето на климите е исто така важно. Филтерот низ кои излегува разладениот воздух треба да го чистите барем еднаш годишно, бидејќи влажната и нечиста подлога е идеална за развој на штетни микроорганизми од кои некои може да предизвикаат и воспаление на белите дробови. Во сезона на користење на клима уреди, препорачливо е да го дезинфицирате уредот со соодветно средство.

Клима уредите никогаш не треба да дуваат директно во вас. Исто така, уредите мора да ги поставите на тој начин ништо да не им пречи при протокот на воздух.

Обрнете внимание на тоа колку топлина влегува низ прозорот во текот на денот за поекономично да ја трошите струјата. Тоа е важно затоа што климата се „бори“ со поголемо количество на топол воздух и појако работи, со што и повеќе троши струја. Во зависност од тоа колку е појако сонцето, отворајте ги и затворајте ги прозорците за да не влегува премногу топлина во просторијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби