Три работи кои ги научив од кога ги држам нозете кренати на ѕид

Даниел Зицкл од RunnersWorld.com e љубителка на необични техники за опоравување од вежбање, меѓу кои и држењето на нозете кренати на ѕид. Кога ја открила оваа техника ја повикала Ронина Лалондеа инаку тренер по трчање, со цел да ја праша кое е нејзиното стручно мислење за оваа техника.

- Најдобрата работа кај оваа вежба е опоравувањето по трчањето. Се што треба да направите е да најдете ѕид, да се доближите со задницата до ѕидот, да ги подигнете нозете, да ги раширите рацете од двете страни на телото и да се опуштите. Во таа положба треба да останете од 5 до 15 минути, објаснува Даниел.



Кои работи таа ги научи благодарение на оваа вежба?

Придонесува за олеснување на долниот дел од телото и поволно делува на течностите во телото

- За една вака едноставна вежба, придобивките се огромни, вели Даниел.

Официјалното име за оваа поза е Viparita karani, што во превод би значело „обратна акција“. Лалондеа вели дека оваа вежба најдобро е да се прави 30 минути по тренингот.

- Вежбата е одлична бидејќи го олеснува долниот дел на телото, ја поттикнува циркулацијата и овозможува правилен распоред на течностите во телото.



Го поправа држењето

- Држењето не ми е толку лошо, но сепак секој ден седам пред компјутер и многу се расположив кога Лалондеа рече дека оваа вежба ќе ми го поврати телото назад. Во тоа и самата се уверив кога по две недели забележав дека рамениот појас повторно ми се отвори.

Го смирува умот

- Лалонде вели дека во времето додека ја изведувам оваа поза треба да  дишам длабоко и ритмично, наместо да сурфам по интернет или на социјалните мрежи. Зависна сум од тоа, па сфатив дека токму тие 15 минути медитација чудесно делуваат на мојот ум. Ништо не е толку итно и не морам постојано да сум толку достапна, појаснува Даниел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби